Денес е четврток, 16 април 2026
ПочетокКосплејОтворен повик за косплеери: Пагода го избира македонскиот претставник за UBCC 2026

Отворен повик за косплеери: Пагода го избира македонскиот претставник за UBCC 2026

Здружението за промоција на источноазиски култури „Пагода“ отвора официјален повик до сите косплеери од Македонија да се пријават на националниот косплеј натпревар, преку кој ќе се избере претставникот на државата за учество на меѓународниот натпревар Ultimate Balkan Cosplay Championship (UBCC) 2026.

Натпреварот ќе се одржи на 9 мај 2026 година (сабота), со почеток во 12:00 часот, во Netaville во Скопје. Пријавувањето е отворено за сите заинтересирани косплеери кои можат да настапат соло или во дуо, претставувајќи креации инспирирани од филм, аниме, манга, видео игри и поп-култура. Дозволено е пријавување и на веќе претставен косплеј.
Победникот ќе ја има честа да ја претставува Македонија на UBCC 2026, што ќе се одржи на 13 јуни во рамките на фестивалот Urusai Con во Сава Центар во Белград, Србија. Покрај учеството на меѓународната сцена, наградата вклучува и обезбедено сместување за две лица. Дополнително, ќе бидат доделени и награди за прво, второ и трето место, обезбедени од партнерот Aнхоч.

Овој натпревар претставува уникатна можност за домашните косплеери да го покажат својот талент, креативност и изработувачко мајсторство пред публика и стручно жири, како и да станат дел од регионалната и интернационалната косплеј заедница.
Настанот ќе биде збогатен со дополнителна програма, вклучувајќи базар, како и водителска и стриминг поддршка од „Дебели Гикови“. Официјален медиумски покровител е Comics.mk.
Сите заинтересирани можат да се пријават следниот ЛИНК!
„Пагода“ ги охрабрува сите косплеери, без разлика на нивото на искуство, да се пријават и да станат дел од овој значаен настан, кој ја слави креативноста и ја поврзува локалната сцена со меѓународната.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ