Денес е сабота, 16 октомври 2021
ПочетокАнимеНеделни Аниме и Манга Вести! My Hero Academia, Shaman King + TUDUM:...

Неделни Аниме и Манга Вести! My Hero Academia, Shaman King + TUDUM: Anime Spotlight и многу други!

My Hero Academia Сезона 6

Шестата сезона на аниме серијата на Boku no Hiro Akademia (My Hero Academia) беше објавена по 25-та и последна епизода емитувана од петтата сезона во саботата.

Во петтата сезона, анимето ги адаптираше последните неколку поглавја од „Pro Hero Arc“ пред да премине на „Joint Training Arc“, „Meta Liberation Army Arc“, „Endeavor Agency Arc“ и раните поглавја од „Paranormal Liberation War Arc“.

Мангата во моментов е во „Tartarus Escapees Arc“, која доаѓа веднаш по „Paranormal Liberation War“.

Со текот на годините, „My Hero Academia“ одржува ниво на постојано објавување на своите сезони. Ако тоа продолжи, 6-та сезона на „My Hero Academia“ може да излезе во првиот почетокот на 2023 година.

Shaman King аниме со нов трејлер

За Shaman King објавија нов трејлер што ќе биде продолжението кое што почнува од 25тата епизода. Прикажана е и втората тематска песна, „“Get up! Shout!” од Nana Mizuki!

Првите 24 епизоди се веќе достапни за гледање, 25-та епизода на Shaman King треба да излезе овој месец. Според различни извори, новата епизода ќе може да се гледа на 30 септември 2021 година.

Објавување на Shaman King: The Super Star мангата ќе биде паузирано

Октомвриското издание на списанието Shonen на Kodansha во петокот откри дека Shaman King: The Super Star ќе паузира поради тоа што Takei во моментов е зафатен со друга работа. Списанието ќе го објави продолжувањето на манга подоцна.

Shaman King: The Super Star е спин-оф на оригиналната манга серија на Hiroyuki Takei.

Мангата Miss Kobayashi’s Dragon Maid добива Shmup игра следната пролет

Bushiroad во четвртокот објави дека Kaminari Games работи на shoot ’em up игра базирана на мангата Miss Kobayashi’s Dragon Maid (Kobayashi-san Chi no Maid Dragon). Играта, насловена како Kobayashi-san Chi no Maid Dragon Sakuretsu!! Chorogon Breath, ќе биде достапна за PlayStation 4 и Switch на англиски и јапонски јазик во пролет 2022 година. Yūki Kuwahara се враќа за да ја повтори својата улога како Tohru во аниме адаптациите на манга.

Dr. Stone мангата влегува во завршниот арк

Овојгодинешниот 43-ти број на магазинот Weekly Shonen Jump објави дека мангата на Boichi и Riichirou Inagaki, Dr. Stone, влегува во својот последен арк. Списанието исто така наведе дека мангата ќе биде на пауза во 44-то издание на 4 октомври и ќе се вратат во 45-то издание на 11 октомври.

Доколку сакате да прочитате детални новости околу втората сезона од Demon Slayer вклучувајкќи го и новиот трејлер може да кликнете тука.

На TUDUM: Anime Spotlight кој што се оддржа во саботата кое што беше pre-show беа прикажани нови оригинални нетфликс аниме серии и нови сезони.

Анимето Super Crooks базирано на стрипот на Mark Millar и Leinil Francis Yu ќе биде премиерно прикажано на Нетфликс на 25 ноември. На настанот, исто така ни ја открија и главната јапонска екипа за шоуто, заедно со промотивно видео и нов постер.

Тоа е приказна за Johnny Bolt, поранешен измамник, кој има две главни вредности: Суперсили и желба да ги искористи тие способности за кражба.

Super Crooks првично беше минисерија со четири изданија која е објавена од Марвел во 2012 година.

Четвртата сезона на анимето Aggretsuko премиерно ќе биде прикажана во декември. Настанот откри и нов постер за анимето.

Втората сезона на Ultraman открива нов постер и ќе биде достапна за гледање во 2022 година.

Првата аниме сезона беше премиерно глобално прикажана на Нетфликс во април 2019 година и има 13 епизоди.

Kamiyama, Aramaki, Production I.G и Sola Digital Arts се враќаат од првата за да работат и на втората сезона.

Bright: Samurai Soul

Bright: Samurai Soul премиерно ќе се прикажува на 12 октомври, а исто така ни отркија дека еден од гласовните актери е MIYAVI. Добивме и нов трејлер за филмот, кој е во режија на Kyohei Ishiguro, а напишан од Michiko Yokote за аниме продукциската куќа ARECT.

Drifting Home

Новиот проект на Colorido е Drifting Home, чија глобална премиера е планирана некаде во 2022 година. Hiroyasu Ishida (Penguin Highway) го режира филмот, со сценарио на Hayashi Mori, Hiroyasu Ishida, и Minaka Sakamoto. Филмот содржи ликови дизајнирани од Akihiro Nagae – со Fumi Kato како асистент, како и музика од Umitaro Abe.Koji Yamamoto е продуцент, а Twin Engine е заслужен за планирањето на филмот.

Настанот го прослави и филмот Pretty Guardian Sailor Moon Eternal. Обожавателите се придружија на водителката и актерка Maitreyi Ramakrishnan (Never Have I Ever), додека таа разговараше со глобалните гласовни актерки и за нивното искуство како гласовите на Super Sailor Moon/Usagi Tsukino.

Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ