Денес е понеделник, 28 ноември 2022
ПочетокПоп КултураВо Германија е отворено најголемото IMAX кино на планетата Земја, руши рекорди!

Во Германија е отворено најголемото IMAX кино на планетата Земја, руши рекорди!

На 30-ти септември ‘No Time to Die’ ќе биде првиот филм на свеченото отворање на најголемото филмско платно во светот!

На само неколку часа авионски лет од Скопје, најновото IMAX кино е лоцирано во германското градче Леонберг (во близина на Штутгарт).

Киното е во изработка скоро три години како дел од Traumpalast Multiplex центарот.

Интересни факти за рекордното филмско платно:

  • Тежи нешто повеќе од 226 килограми. (светски рекорд)

  • Има висина од 21.03 метри а ширина од 38.16 метри. (светски рекорд)

  • Неговата ширина е поголема од Боинг 737.

  • Филмското платно било боено со специјална роботска рака дизајнирана само за таа намена.

  • Кино салата има 574 седишта.

  • Проекторот има ласерска IMAX технологија. Озвучувањето е 12-канална звучна технологија со странични и надземни канали за динамичен опсег и прецизност.

Боинг 737

Четириесет минути од ‘No Time to Die’ се снимани со 15/70 mm IMAX камера (1.90:1 aspect ratio) и во тие минути гледачите ексклузивно ќе може да искусат дури 26% поголема слика во споредба со кино без IMAX технологија.

Изгледот на кино салата кога пробувате да купите билети онлајн:

Во прилог е изјавата на Rich Gelfond (извршниот директор на IMAX):

The Imax at Traumpalast redefines the big screen, with Lochmann Filmtheaterbetriebe, we’ve created an unforgettable moviegoing experience where fans can truly immersive themselves in the world’s biggest blockbusters on the world’s largest screen. As we continue to grow in Germany and open new iconic locations around the world, the Imax at Traumpalast will become an exciting flagship location at a critical time for fans seeking premium, differentiated experiences.”

NEW YORK, NY – APRIL 16: CEO of IMAX Corporation, Richard Gelfond attends the New York premiere of “A Beautiful Planet” at AMC Loews Lincoln Square on April 16, 2016 in New York City. (Photo by Jamie McCarthy/Getty Images)

Додаваат Marius и Heinz Lochmann (сопствениците на Traumpalast Multiplex центарот):

„Audiences in Germany and beyond will travel far and wide to see the Imax at Traumpalast, from its enormous screen and incredible audio to the luxurious seating and other exciting amenities the theatre has to offer. We’re proud to partner with Imax on this new, record-breaking location and can’t wait to start letting fans in the door.”

Marius и Heinz Lochmann

Ова е едно од осумте IMAX кина во Германија а револуцијата туку што започна.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ