Денес е недела, 23 јуни 2024
ПочетокФилмовиДали филмот 'Dungeons & Dragons: Honor Among Thieves' е верен на легендарната...

Дали филмот ‘Dungeons & Dragons: Honor Among Thieves’ е верен на легендарната друштвена игра? – The Uncanny Crew со одговор

DnD екипата од Скопје наречена The Uncanny Crew која се состои од наши пријатели, фанови и страсни љубители на друштвената игра, ни даваат заедничко и поединечно мислење за филмот. 

Критичарите го оценија прилично високо, а многу од Вас сепак се прашуваат дали вреди?

Заклучок на екипата:

“We expected a shit-show, but were pleasantly surprised.”

Image
Логото на The Uncanny Crew
Поединечни мислења на секој член од екипата:
  1. Dungeon Master (Баже): Како засекогаш-DM ги забележував сите checks & saving throws и беа на место. Филмот е навистина добро направен, особено за играчи на D&D и други TTRPG игри. 9/10
  2. Devana (Нина): Очекував “shitshow”, но бев пријатно изненадена, можеби би бил збунувачки за луѓе кои не ја играле играта, претежно навистина личеше на D&D сесија, како група пријатели кои не можат да престанат да се смеат за време на сериозна сцена. И како играчи, ни беше интересно да ги забележуваме магиите, суштествата и неуспесите на ликовите. 9/10
  3. Galleon (Јован): Мислам дека филмот беше совршен, особено за D&D играчи како нашата група. Навистина ми се допадна паладинот и неговиот стереотипичен приказ во филмот. Би сакал да имаше повеќе детали, и доколку има втор дел дефинитивно ќе го гледам. 7.5/10
  4. Jane (Ивана): Филмот беше навистина интересен. Приказната, иако предвидлива, беше добро осмислена и привлечна за публиката. Шегите и целосниот „вајб“ на филмот навистина прикажаа како една група пријатели би се однесувале во нивната D&D игра. Беше интересно како D&D играчи да ги видиме случките и магиите, кои досега само ги замислувавме, прикажани на големите екрани. 8/10
  5. Licidious (Марио): Филмот има добар баланс за играчите како и за тие кои не се до толку навлезени во играта. Ми се допадна целата приказна и акцијата беше феноменална, а и комедијата беше убаво доловена во филмот. Има простор за подобрување, но со буџетот филмот беше добар. 8.1/10
  6. Magnus (Марко): Филмот е добра адаптација на жанрот и самата игра, имаше специфична привлечност дури и за луѓето кои не се толку навлезени во играта, без да претера. Сепак, може да биде збунувачки за луѓе кои се навикнати на попознати блокбастер филмови како LOTR, Marvel и слични филмови кои припаѓаат на овој жанр. Не би рекол дека е ремек-дело, но сепак ги опфаќа најважните и најинтересните елементи на играта. 8/10 за D&D играчи 6/10 за обичните смртници.
  7. Nancy (Елена): Филмот беше прилично добар. Мојата замерка во филмот е дека одредени работи беа доста предвидливи, додека пак комедијата многу ме орасположи и ме смееше. Делот со илузиите беше прекрасно направен и покрај некои грешки во CGI. 7/10
  8. Yamato (Никита): Семејството и татковството беа прикажани во позитивно светло. Приказната беше предвидлива, но беше добра. Беше тешко да се поверува во одредени случки на филмот, со оглед на светот во кој се одвиваше истиот. Магиите беа навистина креативно искористени. „Faerûn is dangerous bruh.“
Колекцијата на DnD коцки за играње на дечките

Dungeons & Dragons: Honor Among Thieves дебитираше премиерно во Cineplexx MK, купување и резервирање на билети на редовниот репертоар можете да направите ТУКА!

May be an image of 5 people and text that says 'Adventure night 30.3.2023 DUNGEONS 18.00 18.004acoT ADRAGONS HONOR AMONG THIEVES CINEPLEXX 6илeTиTe EBO npoAaж6a'

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО