Денес е вторник, 5 јули 2022
ПочетокСтриповиБесплатни онлајн стрипови од Moon Knight - Marvel Comics

Бесплатни онлајн стрипови од Moon Knight – Marvel Comics

Со секоја нова епизода на Moon Knight добиваме бесплатно онлајн издание на стрип од Marvel Comics кој служи како директна инспирација за ТВ серијата на Disney+

Со актуелната премиера на третата епизода сме официјално на пола од оваа извонредна мини ТВ серија која вкупно ќе има 6 епизоди со деби секоја следна среда до 4-ти мај, 2022 година.
Marvel Comics нѐ наградуваат со ново стрип издание секоја среда до крајот на ТВ серијата! Трите актуелни стрипови се достапни на линкот подолу.

https://www.marvel.com/moonknightcomics-1

  1. WEREWOLF BY NIGHT (1972) #32

Werewolf By Night (1972) #32 | Comic Issues | Marvel

2. WEREWOLF BY NIGHT (1972) #33

Werewolf By Night (1972) #33 | Comic Issues | Marvel

3. MOON KNIGHT (1980) #3

Moon Knight (1980) #3 | Comic Issues | Marvel

Интересен факт за првите два стрипови е фактот што ликот на Werewolf by Night ќе го доживее своето деби во Halloween Special епизода (околу 40 минути) на 31-ви октомври оваа година во режија на извонредниот композитор, Michael Giacchino.
Покрај достапниот линк за читање на онлајн стриповите, Marvel Studios на интересен начин ни припремија превземање на истите преку QR кодови кои може да се пронајдат во секоја епизода од ТВ серијата.
Дополнително ќе добиете и онлајн стрип од првото појавување на Blade (The Tomb of Dracula) доколку го скенирате QR кодот кој е рефлектиран на стаклото од првата епизода.

 

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ