Marvel Meow не е само фан-фикција. Тоа е официјално серија лиценцирана од Марвел објавена во Јапонија, а сега и на англиски јазик од Viz Media. Напишана и илустрирана од Nao Fuji која што стана официјален уметник на Марвел со објавувањето на Marvel Meow, комичната серија од шест дела.
Тоа е манга што се базира на секојдневниот живот на една мачка вклучувајќи ги и ликовите од Марвел во неа. Протагонистот е мачката на Captain Marvel, Chewie. Chewie ќе ги посетува различните карактери од Марвел универзумот и ќе се обидува да се вклопи во нивните секојдневни активности.
Со оваа манга ќе добиете нова перспектива за саканите фаворити како Spider-Man и Iron Man, па дури и Thanos, Galactus и Deadpool.
Првично споделени на официјалниот Инстаграм на Марвел, овие стрипови се собрани со сосема нова содржина во книга. Целта е да ги израдува и љубителите на Марвел и љубителите на мачки.
Мангата официјално ќе биде достапна на 12 Октомври оваа година.