Денес е среда, 16 јуни 2021
ПочетокСтриповиMarvel со првиот самостоен стрип за KANG THE CONQUERER!

Marvel со првиот самостоен стрип за KANG THE CONQUERER!

Marvel ќе издаде за прв пат стрип за еден од најголемите негативци во стриповите KANG THE CONQUERER.

Еден од најголемите нeпријатели на The Avengers и Fantastic Four во Август ќе го има својот прв серијал на стрипови со ново потекло на неговата приказна.

Новиот стрип за Kang ќе се справува со неговата огромна и комплексна задина како еден од најопасните негативци и патувачи низ времето во Marvel стриповите. Kang the Conqueror не е само приказна за неговото потекло ова е и животна приказна. Кога младиот и нервозен Nathaniel Richards го открива античкото дувло на неговиот Латварски предок Victor Von Doom, неговиот живот се менува засекогаш, он ќе биде човек што никогаш не требаше да се сретне со самиот он Kang.

Исто така знаеме дека во филмот на Marvel Studios Ant man and the Wasp: Quantumania кој ќе го гледаме во кината на 17 Февруари 2023 година, главен негативец ќе биде токму KANG THE CONQUERER. Новиот серијал на стрипот за Kang e одлична почетна точка за нас читателите да се подготвиме за овој филм а и иднината на филмскиот универзум на Marvel.

Човекот наречен Kang the Conqueror бил фараон, негативец, војсководач на вселенските патишта, па дури и во ретки прилики херој. Низ сите временски рамки, можеме да заклучиме еден факт: Времето за Kang не значи ништо. Но, вистината е посложена. Kang е фатен во бесконечен циклус на создавање и уништување диктиран од времето и претходно невиден од никој друг, освен од самиот освојувач. Циклус што конечно би можел да ја објасни енигмата што е Kang. И циклус што започнува и завршува со стар и скршен Kang кој го испраќа своето помладо јас на потемен пат.

Ова ќе биде одлична прилика за луѓето што не го знаат, да се запознаат со карактерот и неговите патешествија низ времето. Kang e една од најпознатите и најдобрите креации на Stan Lee и Jack Kirby.

 

 

 

Тино
Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ