Денес е четврток, 18 април 2024
ПочетокСтриповиАнимиран филм инспириран од еден од најдобрите Batman стрипови!

Анимиран филм инспириран од еден од најдобрите Batman стрипови!

‘Batman: The Long Halloween, Part One’

Добиваме нов анимиран филм поделен во два дела инспириран од еден од најдобрите стрипови на сите времиња, ‘Batman: The Long Halloween’ кој има вкупно 13 стрип серијали (во денешницата се продава како комплетен стрип), напишан од Jeph Loeb и нацртан од Tim Sale кој оригинално е издаден од 1996 до 1997 година.

Првата Корица за Стрипот, Модерна Корица за Стрипот, Постер за Анимираниот Филм

Настаните се случуваат во првите години на Batman, градот Gotham се соочува со мистериозен негативец наречен Holiday кој извршува по едно убиство во месецот за време на празник во меѓувреме се случува жестока војна помеѓу најмоќните фамилии во градот, Maroni и Falcone. Во стрип серијалот се појавуваат голем број на добропознати ликови како Harvey Dent, James Gordon, Joker, Riddler, Catwoman, Poison Ivy, Scarecrow и Calendar Man кој е затвотеник во Arkham Asylum и е единствениот лик што го знае вистинскиот идентитет на убиецот Holiday.

Директно од стрипот

Голем дел од негативците во стрипот а веруваме дека и во анимираниот филм ќе направат транзиција од обични Mob Goons во застрашувачки Supervillains а исто така Batman ќе го видиме во вистинско детективско светло.

‘Batman: The Long Halloween Part One’ ќе биде достапен од 22ри Јуни а ‘Part Two’ во текот на есента во 2021 година. Филмот е анимиран според новиот стил на анимација сличен на предходните два анимирани филмови на DC, ‘Superman: Man of Tomorrow’ и ‘Justice Society: World War II’.

 

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ