Денес е вторник, 5 јули 2022
ПочетокПоп КултураСтриминг платформите по нивната популарност

Стриминг платформите по нивната популарност

Рангирани по бројот на корисници, од најмалку до најмногу

Во изминатите години може да забележиме деби на повеќе стриминг платформи, како резултат на тоа е новиот начин на дистрибуција на филмови и серии кој беше започнат во 2012 година од страна на Netflix. Пандемијата донесе големи препреки за кино проекциите па токму затоа голем дел од компаниите ги пренасочија своите блокбастери токму на сопствените стриминг платформи, сите филмови на Warner Bros. за 2021 година ќе бидат пуштени во кино и без никаква доплата на HBO Max, истото важи и за Disney+ но со дополнителна доплата во првите 45 дена од филмот. Знаеме дека сите филмови на Netflix се стандардизирани само за нивната платформа (без да бидат пуштени во кино) па тој систем е лесно да се инкорпорира и од страна на другите компании со оглед на пандемијата со која се соочуваме годинава.

Токму затоа може да се забележи голем раст и промена во односот на корисниците како фактор на ковид кризата низ изминатата година:

Netflix е на врвот на листата но сепак може да забележите дека Prime Video на Amazon како и Disney+ се голем раст со оглед на фактот дека се релативно нови стриминг платформи.

‘Invincible’ и ‘The Boys’ се едни од најголемите хит серии на Amazon Prime но покрај тоа се чека и најскапата во историјата на индустријата која ќе биде за Second Age of Middle Earth (Lord of the Rings Spinoff серија). Повеќе за серијата можете да прочитате ТУКА.

Вреди да се каже дека Hulu е сопственост на Disney со што Disney+ самостојно го доживеа најголемиот раст од сите стриминг платформи од дебито во Ноември 2019 година со двете сезони од ‘The Mandalorian’ и хит сериите на Marvel Studios.

Netflix има голем број на проекти кои се присутни на локално ниво во различни региони (пример: азиски серии само за тој регион) со што во овој момент сеуште има убедлива предност поради разновидниот и големиот избор на филмски материјал кој имаат да го понудат, сепак сите компании почнуваат да се насочуваат кон локално како и глобално ниво на работа.

Во нашата земја во моментов е достапен само Netflix, да се надеваме дека ќе пристигнат и другите стриминг платформи во текот на следните неколку месеци.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ