Денес е сабота, 16 октомври 2021
ПочетокСерииAnthony Mackie во главната улога на телевизиската адаптација од Netflix на видеоиграта...

Anthony Mackie во главната улога на телевизиската адаптација од Netflix на видеоиграта Twisted Metal.

Netflix најави телевизиска адаптација на класичната PlayStation видеоигра Twisted Metal со Anthony Mackie во улогата на John Doe a.k.a Sweet Tоoth. Прочитајте повеќе за уште една интересна live-action адаптација од PlayStation видеоигрите.

ТВ серијата ќе биде акциона-комедија. Писателот на Cobra Kai ќе биде извршен продуцент и ќе ја пишува серијата заедно со Rhett Reese и Paul Wernick писателите на Deadpool. Приказната во серијата ќе го следи John кој би можел да заработи подобар живот за себе, но само откако ќе испорача мистериозен пакет низ пост-апокалиптична пустелија.

Во видеоигрите John има амнезија и не се сеќава на ниту еден момент од неговиот живот. Во спротивно е обележан со тетоважи по телото како потсетник за неговите случувања низ неговиот живот.

Twisted Metal е достапна на првите три генерации на PlayStation, PlayStation Portable и PC.

Ова е уште еден нов проект од многуте кој следат за live-action адаптација на видеоигри. Во изработка се Uncharted филм за кој официјален трејлер треба да видиме наскоро. The Last Of Us телевизиска серија која заврши со снимање и е во финална изработка. Ghost of Tsushima успешната ексклузивна видеоигра на PS4 која SONY одлучи да и даде филмска адаптација.

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ