Денес е вторник, 5 јули 2022
ПочетокСерииПосветената Alaqua Cox во улогата на Echo - Нејзините инвалидитети не ја...

Посветената Alaqua Cox во улогата на Echo – Нејзините инвалидитети не ја запираат до патот кон успехот!

Marvel карактерот Echo ќе го доживее своето деби во ‘Hawkeye’ серијата, Alaqua Cox е перфектниот избор за улогата!

Актерката Alaqua Cox е родена во 1997 година целосно глува, по потекло е од американските староседелци (Индијанци) и нејзината десна нога е ампутирана (живее со простетска нога).

Мотивацијата е голема:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alaqua Cox (@alaquacox)

Ликот на Echo ги отсликува истите одлики како актерката!

Во Marvel стриповите, Maya Lopez (Echo) е смртоносна атентаторка која е глува и потекнува од американските староседелци (Индијанци) исто како Alaqua Cox. Нејзината способност е совршено да го имитира секој потег на нејзиниот противник, исто како Taskmaster во ‘Black Widow’.

Други одлики за нејзиниот лик според стриповите се:

  • Атлетски способности на Олимпиец
  • Талентиран пијанист
  • Владее со повеќе боречки вештини
  • Акробатски способности
  • Надарена балерина
  • Фотографски рефлекси

Echo дебитирала во споредна улога на Daredevil стриповите па токму затоа овој интересен факт се поврзува со две гласини:

Гласина 1: Matt Murdock (Daredevil) ќе има минимална улога во последните епизоди од ‘Hawkeye’, актерот Charlie Cox се очекува да ја повтори улогата!

Гласина 2: Wilson Fisk (aka Kingpin) ќе биде тајниот негативец, актерот Vincent D’Onofrio се очекува да ја повтори улогата!

Echo ќе добие сопствена серија на Disney+ за која во моментов нема закажано датум.

‘Hawkeye’ ќе дебитира на 24-ти ноември, ќе има 6 епизоди и конечно ќе ја видиме Hailee Steinfeld во улогата на Kate Bishop покрај Jeremy Renner во улогата на Clint Barton.

 

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ