Денес е недела, 17 октомври 2021
ПочетокСерии'Loki' Episode 3 Easter Eggs - Тајниот идентитет на Lady Loki (ВИДЕО)

‘Loki’ Episode 3 Easter Eggs – Тајниот идентитет на Lady Loki (ВИДЕО)

Нова епизода, нови мистерии!

Секоја епизода во ‘Loki’ е уникатна и различна од другите, па токму затоа во новата епизода можеме да видиме една интересна аватура со Loki и Lady Loki (Sylvie).

Покрај досега најкраткото времетраење на епизодата (42 минути), сепак искусивме феноменални визуелни ефекти во комбинација со одлична глума од незаменливиот Tom Hiddleston и Sophia Di Martino.

Што навистина значи Sylvie во Marvel стриповите, вистинското име на ликот кој сите ја нарекуваат Lady Loki?

Многу претпоставуваа (барем до оваа епизода) дека ова е навистина друга варијанта на Loki како на сликите подолу:

Според стриповите, Sylvie Lushton е името на втората волшебничка која ја наследува титулата на Enchantress, ликот на Loki и дава знаење за како да ги користи мистичните моќи со цел да ја искористи како алатка за создавање хаос. Иако во моментов не е 100% потврдено, голема е шансата дека актерката Sophia Di Martino игра некоја хибридна верзија на Lady Loki и Enchantress во филмскиот универзум на Marvel. Во епизодата можете да забележите дека се дискутира за волшебните моќи (enchantments) на Sylvie со што сугерира на нејзиниот таен или можеби не толку таен идентитет.

Sylvie Lushton as Enchantress

Loki за прв пат искористи голем дел од неговите волшебнички способности, сцената кога го врати столбот/зградата во првобитна состојба е доста сомнителен момент за многу фанови, се шпекулира дека Time Stone-от успеал да го украде од TVA (ако се сетите на сцената во првата епизода кога го зима во рака). Можеби на преку каменот ќе најде начин како да го врати времето пред апокалипсата или ќе ја поправи алатката која им овозможува да патуваат низ времето и просторот.

Сепак е познат по таинствено крадење на Infinity Stones…

Сите останати информации и Easter Eggs можете да ги дознаете на следното видео:

Имаме и уште една сомнителна теорија за музиката во серијата, погледнете ја на Reddit линкот подолу:

Something I noticed about the music from today’s Loki Episode! from LokiTV

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ