Денес е понеделник, 28 ноември 2022
ПочетокФилмовиTransformers: Rise of the Beasts е насловот на следниот филм во франшизата:...

Transformers: Rise of the Beasts е насловот на следниот филм во франшизата: нови детали, дејство и кастинг!

Денес добивме нови детали за следниот Transformers филм: официјален наслов и постер, неговото дејство, дел од гласовните актери и карактерите во филмот како и датум на издавање! 

По успехот на Bumblebee во 2018 година, Paramount Pictures изјавија дека се подготвува и продолжение на филмот. Bumblebee е самостојна приказна за случувањата пред оригиналното започнување на филмскиот универзум на трансформери од 2007 година со Transformers до Transformers: The Last Knight 2017 година. Bumblebee се смета како нов свеж почеток за целиот универзум на Transformers па така дојдовме и до новиот наслов Transformers: Rise of the Beasts.

Transformers: Rise of the Beasts ќе биде адаптација од анимираната серија од 1996 година Transformers Beast Wars. Во Rise of the Beasts ќе ги има Maximals, Predacons и Terracons, и нормано Optimus Prime кој ќе го видиме во неговата G1 форма. Вo главните човечки улоги ќе бидат: Anthony Ramos во улогата на Noah, Dominique Fishback во улогата на Elena и режисер на филмот ќе биде Steven Caple Jr. познат по неговата работа со Creed II.

Rise of the Beasts ќе се одвива во 1994 година, започнувајќи во Brooklyn, New York City а ќе се прошири се до Machu Picchu во Peru. Продуцентот на оваа франшиза Lorenzo di Bonaventura изјави дека Transformers: Rise of the Beasts ќе биде нешто помеѓу првите пет филмови и самостојниот филм Bumblebee.

Прочитајте што има да каже филмскиот продуцент Lorenzo di Bonaventura:

„This is a spectacle story, we’re going for the full experience our franchise has come to be known for.”

Негативецот на филмот ќе биде Scourge кој за прв пат ќе го видиме на големото платно заедно со добро познатиот Maximals кој исто така за прв пат ќе се појави во филм. Има и неколку потврдени трансформери кој ќе ги видиме во филмот покрај Optimus Prime и Bumblebee ќе се појават и: Arcee, Mirage, Nightbird, Airazor, Rhinox и Optimus Primal.

Седмиот филм во франшизата со наслов Transformers: Rise of the Beasts премиерно ќе го гледаме во кино од следната година на 24 Јуни 2022 година.

 

 

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ