Денес е среда, 16 јуни 2021
ПочетокСерииLoki епизода 1 - Сите Easter Eggs (Kang и Peggy Carter?) ВИДЕО

Loki епизода 1 – Сите Easter Eggs (Kang и Peggy Carter?) ВИДЕО

Серија која дефинитивно е различна од сите други проекти на Marvel Studios, уникатна со многу мистерии кои допрва треба да се решат.

Препорачуваме да ја прочитате статијата само доколку ја имате изгледано првата епизода од ‘Loki’.

Очекувано како за прва епизода, темпото е бавно но не носи во еден тотално поинаков свет во филмскиот универзум на Marvel кој има оригинален изглед и остава простор за многу приказни кои ќе бидат дел од мултиверзумот (поврзани со настаните во ‘WandaVision’, ‘Spider-Man: No Way Home’, ‘Doctor Strange in the Multiverse of Madness’, ‘Ant-Man and the Wasp: Quantumania’).

Глумата на новодојдениот Owen Wilson во комбинација со Tom Hiddleston е одлична, двата ликови имаат добра хемија со што може да почувствувате дека Loki добива многу подлабок „character development”.

Како и за секоја Marvel Studios серија, пронајдени се голем број на Easter Eggs и моменти кои сте ги виделе но не сте заприметиле дека може да значат нешто многу поголемо.

Голем број прашања и теории се започнати за едни од најмоќните суштества во универзумот, Time Keepers. Се шпекулира дека изгледот на еден од нив има слични одлики на изгледот на актерот Jonathan Majors кој ќе ја игра улогата на Kang the Conqueror во филмот ‘Ant-Man and the Wasp: Quantumania’.

Според стриповите нема многу информации за идентитетите на овие антички суштества, сепак се смета дека по пол се две машки и едно женско (па така може лесно да се побие оваа теорија) но сепак origin приказната на Kang може да биде променета и да испадне дека бил дел од Time Keepers во филмскиот универзум на Marvel.

Time Keepers како статуи во Loki / Time Keepers во Marvel стриповите

Другиот голем Easter Egg е појавувањето на Peggy Carter на само неколку секунди, барем сите шпекулираат дека е она. Знаеме дека Steve Rogers и Peggy Carter создаваат алтернативна реалност (Branch Reality) во која си го живеат животот среќно до нивната старост со што директно го прекршува законот на Time Keepers за еден единствен Timeline, наречен „The Sacred Timeline“. Можеби и нивната судбина секогаш била да завршат на тој начин со што нема да се формира друа алтернативна реалност. Останува да дознаеме во следните епизоди.

Веќе е потврдено дека има Nexus настани (за прв пат се дозна за терминот во ‘WandaVision’) кои предизвикуваат алтернативни проблеми во мултиверзумот, на крајот од првата епизода дознаваме дека негативецот е друга верзија на Loki со што сугерира на фактот дека ќе видиме повеќе варијанти на истиот карактер.

Можни варијанти кои можеби ќе ги видиме се:

  • Lady Loki
  • Kid Loki
  • Loki, God Of Heroism And Truth
  • Human Loki
  • King Loki
  • President Loki (веќе го видовме во трејлерот но во моментов не знаеме дали е друга варијанта)

Дознајте ги сите останати Easter Eggs и вистинската приказна за D. B. Cooper на следното видео:

Во прилог можете да ги видите подароците од приватната премиера на ‘Loki’:

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ