Денес е вторник, 15 јуни 2021
ПочетокСерииНова анимирана DEADPOOL серија на Hulu! (ВИДЕО)

Нова анимирана DEADPOOL серија на Hulu! (ВИДЕО)

Низ изминатата година е најавувана R-Rated серија за Deadpool на стриминг платформата Hulu.

Покрај фактот дека Disney во моментот се во процес на изработка на нов R-Rated (18+) Deadpool филм кој ќе биде дел од филмскиот универзум на Marvel, големиот успех на DC анимираната серија ‘Harley Quinn’ докажа дека има простор за R-Rated анимирани серии за соодветни comic-book ликови па токму затоа Marvel Studios има во план да изработи анимирана Deadpool серија со гласот на Ryan Reynolds во главната улога.

Серијата ќе биде на Hulu бидејќи сите R-Rated (18+) проекти на Marvel Studios/Disney се планирани токму за таа стриминг платформа (од причина што стриминг платформата Disney+ е наменета за материјал од 12 до 16 години), притоа компанијата отвори посебно 20th Century студио за анимација кое покрај најавената Deadpool серија се шпекулира дека ќе добиеме и нова X-Men серија.

Пред неколку години во рана фаза на изработка беше токму ваква серија од страна на Fox, па токму затоа се навраќаме на тест-снимката која дефинитивно остави голем впечаток кај многу фанови:

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ