Денес е вторник, 5 јули 2022
ПочетокСерии'The Bad Batch' новиот хит во светот на Star Wars

‘The Bad Batch’ новиот хит во светот на Star Wars

Анимирана серија која не води низ уникатна приказна за група на „дефектни“ Клонови

Елитната група Клонови (The Bad Batch) со одредена генетска мутација,  дебитираше во последната сезона (7ма) од анимираната серија ‘Star Wars: The Clone Wars’ од каде доби голема популарност како една уникатна група на платеници.

Настаните во серијата се случуваат по „Војната на Клоновите“ како дел од големиот Star Wars филмски универзум.

Досега овој проект може да се карактеризира како еден од најнеобичните, полн со акција, нови ликови и добропознати ликови, нешто што не сме виделе досега од страна на Star Wars франшизата.

Фактот дека новата трилогија на Star Wars филмови потфрлија, значи дека компанијата Disney засега се фокусира на филмови и серии за ликови и приказни кои досега ги немаме видено, доказ за тоа се: ‘Rogue One: A Star Wars Story’, ‘The Mandalorian’, ‘Star Wars: The Bad Batch’ и сите други најавени проекти за следните неколку години.

Првата епизода дебитираше на таканаречениот Star Wars ден (May the 4th – be with you) а втората епизода стана достапна после само 3 дена (на 7-ми Мај), првата сезона ќе доживее вкупно 16 епизоди и останатите епизоди ќе бидат достапни секој петок се до 13-ти Август, 2021 година.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ