Денес е вторник, 6 декември 2022
ПочетокФилмовиMarvel Studios Celebrates The Movies - Новости

Marvel Studios Celebrates The Movies – Новости

Нови наслови за ‘Captain Marvel 2’ и ‘Black Panther 2’, први снимки од ‘Eternals’

„See you at the movies“ – Слоганот кој е главен фактор во новото видео на Marvel Studios, повик за во кино!

‘Black Panther: Wakanda Forever’ и ‘The Marvels’ се двата нови наслови за долгоочекуваните продолженија од ‘Black Panther (2017)’ и ‘Captain Marvel (2019)’.

Трагичната смрт на актерот Chadwick Boseman донесе големи промени во продолжението на франшизата, потврдено е дека улогата на T’Challa нема да биде доделена на друг актер па токму затоа титулата на Black Panther ќе ја наследи друг член од кралското семејство на Wakanda.

Добиваме и нов наслов за филмот кој е веќе подолго време најавуван, ‘The Marvels’ сугерира на фактот дека ќе видиме тим од ликовите на Carol Danvers (сегашната Captain Marvel, актерката Brie Larson), Monica Rambeau (втората наследничка на титулата Captain Marvel според стриповите, нејзиниот лик е прв пат виден во ‘WandaVision’ од страна на актерката Teyonah Parris) и Kamala Khan (Ms.Marvel, улогата ќе биде играна од актерката Iman Vellani со сопствена серија при крајот на 2021 година).

Првите снимки од филмот ‘Eternals’ докажуваат на феноменалната кинематографија од страна на режисерката Chloé Zhao која се накити со два Оскари за најдобра режисерка и најдобар филм за 2021 година, ‘Nomadland’.

Во видеото се објавени и конкретни Release Dates за следните филмови:

  • Black Widow – 9ти Јули, 2021 година
  • Shang-Chi and the Legend of the Ten Rings – 3ти Септември, 2021 година
  • Eternals – 5ти Ноември, 2021 година
  • Doctor Strange in the Multiverse of Madness – 25ти Март, 2022 година
  • Thor: Love and Thunder – 6ти Мај, 2022 година
  • Black Panther: Wakanda Forever – 8ми Јули, 2022 година
  • The Marvels – 11ти Ноември 2022 година
  • Ant-Man and The Wasp: Quantumania – 17ти Февруари, 2023 година
  • Guardians of the Galaxy Vol. 3 – 5ти Мај, 2023 година
  • Fantastic Four – При крајот на 2023 година

 

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ