Денес е петок, 29 март 2024
ПочетокСерииSHADOW AND BONE серија во светот на фантазијата која не се пропушта

SHADOW AND BONE серија во светот на фантазијата која не се пропушта

Shadow and Bone оргинална серија на нетфлекс, инспирирана од фантастичните новели на Leigh Bardugo.

Shadow and Bone е првата новела од трологијата наречена Grisha trilogy на писателката Leigh Bardugo, која ќе добие своја сериска адаптација на Netflix оваа година. Првата новела е публицирана во 2012 година со името Shadow and Bone и во наредните две години уште две новели Siege and Storm и последната во 2014 година Ruin and Rising. Триологијата ја препорачуваме за сите читатели и фанови на фантазијата,авантурите и мистерите.

Серијата ќе биде базирана според новелата Shadow and Bone и ќе има вкупно 8 епизоди. Се работи за разорен свет каде се водат војни низ целата планета. Сиромашното девојче по име Алина Старков отпушта неверојатна моќ која можеби ќе биде кључот за ослободување на нејзината земја. Алина потоа е изолирана од се што знае под закана од „Сенката” и е оставена да тренира со елитна армија на војници што користат магија. Алина пробувајќи да се бори да ја усоврши нејзината моќ дознава дека сојузниците и непријателите можат да бидат едно исто и дека светот не е така како што изгледа, ќе и треба повеќе од магија за да преживее. Погледнете го и треилерот!

Во главните улоги: Jessie Mei Li како Alina Starkov, Ben Barnes како General Kirigan и Archie Renaux како Malyen Oretsev.

 

Тино
Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ