Денес е сабота, 20 април 2024
ПочетокПоп КултураCOMICSMK Ексклузивно интервју со Macedonian Skywalker, колекционер на акциони фигури!

COMICSMK Ексклузивно интервју со Macedonian Skywalker, колекционер на акциони фигури!

Влегуваме во светот на играчките, во една извонредна колекција како резултат на љубов и пасија!

Јас сум Бодан Ѓорговски имам 33 години, живеам во Карпош 4 (Скопје) и сум колекционер, сопруг и татко на близнаци. Слободното време моментално највеќе го  поминувам со децата во детската и нашата специјална соба за играчки.
  • Како се роди љубовта за акциони фигури?

Љубовта за колекционирање акциони херои или по старо играчки ми е од најмала возраст само што нормално поради други обврски таа љубов не дојде толку до израз колку што е сега а тоа е благодарение на моите деца што преку нив ми се вратија сеќавањата на тие детски времиња. Како мал ги имав буквално сите тогаш познати херои од Терминатор, Џурасик Парк, светот на Бетмен и други, па така кога ја отворив кутијата со играчки за да им ја дадам на моите деца, веднаш знаев дека ќе имам проблем.
Таа љубов ми ја имаат пренесено моите родители кои ми овозможија уште како мал да ги имам најпосакуваните играчки. Се надевам дека ќе имам уште двајца партнери, колекционери.

 

  • Колку акциони фигури бележи твојата колекција и дали имаш омилени?

Моментално сум нешто под 100 бидејќи периодов нешто ситно и продадов за да ја освежам колекцијата, решив да собирам само тоа што ми се допаѓа и што ми буди спомени, најомилени ми се сите што ги имам и не би можел да издвојат една или едни.

  • Дали може да ни наброиш од кои франшизи имаш акциони фигури?

Па мислам дека имам од поголемиот број на значајни франшизи како Star Wars, DC, Horror фигури од Neca а имам и доста ретро фигури како Hercules, Pocahontas од Disney (цртанот) и Space Jam. Играчки од видео игри немам но имам желба да купам од Metal Gear Solid бидејќи ја играв доста како дете.
  • Каде може нашите читатели да си набават толку разновидни и limited edition играчки како твојте?

Во Скопје има неколку продавници кои искрено се трудат да фатат ритам но за ќал сеуште не сум сретнал фигури од типот на тоа што јас собирам. Повеќе се ориентирани на Фанко и на статуи кои се поскапи од фигурите со целосна артикулација. Би сакал набрзо да можам да пазарам во нашиот град, нешто од Star Wars, DC, Neca, Reaction, Marvel Legends.
Искрено мислам дека ако се појави продавница на нашиот пазар со овој тип на фигури ќе направи голем BOOM во продажба а со тоа ќе се крене и културата за колекционирање фигури. Моите фигури ги набавувам преку американски сајтови како Ebay и од српски страни на Фејсбук за колекционирање на фигури.

  • Дали во Македонија си се сретнал со други колекционери на акцинои фигури, колку оваа пасија е застапна во нашата држава?

Гледам некое позитивно раздвижување на тоа поле иако сеуште стоиме доста слабо на таа тема, да го стигнеме пазарот на србите би бил пресреќен. Се надевам дека со овие мои кратки појавувања и преку мојата Инстаграм страна ќе успеам да им ги разбудам страстите и да ги поттикнам останатите луѓе да се бават со колекционерство во било која сфера.
Мини колекција на списанија и албуми
  • Што претставува една одлична акциона фигура според тебе?

По мене фигурата треба да е делумно или целосно со артикулација, да може да направи пози, да е излиена правилно и да личи на оригиналот по која е направена.
Можам да кажам дека Neca фигурите по мене највеќе потсетуваат на оригиналните ликови од филмовите. Имаат фул пакеџ што би се рекло,од изглед на кутијата до фигурата,и до аксесорисот што следи со самата фигура.

  • Зошто повеќето колекционери не ги отвараат ифрачките од кутија?

Јас лично не ги отварам бидејќи сакам да се чувствувам како да се директно од продавница или музеј а искрено и опаковките на поголемиот дел од фигури се преубави и доловуваат дел од приказната на фигурата.
Други колекционери не ги отвараат и поради вредноста, сепак полесно може да се продаде нешто што е како ново, во кутија.
  • Што би им препорачал на читателите на Комикс MK?

Би ги охрабрил да почнат да колекционираат, ова е хоби различно од останатите бидејќи бара простор и финансиски средства но спомените кои се будат со фигурите, за мене лично се доста исполнувачки и вредни.
Дечки и девојки, колекционирајте!

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ