Денес е сабота, 26 ноември 2022
ПочетокФилмовиСите детали и докази од новиот Spider-Man: No Way Home трејлер!

Сите детали и докази од новиот Spider-Man: No Way Home трејлер!

Вториот трејлер ни донесе голема возбуда без да ни ги открие главните изненадувања, сосема доволно!

Spider-Man: No Way Home има потенцијал да биде еден од најголемите crossover филмови кој за прв пат ќе инкорпорира ликови од филмски франшизи на друго студио (Sony).

Зошто не ги покажаа Tobey и Andrew?

Поради две прости причини:

  1. Возбудата и неизвесноста кај пошироката публика е уште поголема.
  2. Кино искуството кога ќе ги видиме за прв пат на големото платно е незаменливо, слично како во Avengers: Endgame.

Тука сме ние да ви ги октриеме сите тајни и прикриени моменти кој се дел од трејлерот а можеби не сте ги заприметиле.

  • Green Goblin го гледаме во два различни костуми или можеби две верзии на истиот негативец?

Костумот во втората слика е истиот кој го добивме на Leaked концепт сликите подолу:

Дали можеби ќе добиеме две верзии на Green Goblin или можеби ќе го претстават Hobgoblin во малку поинакво светло од стриповите, се шпекулира дек втората верзија е шестиот негативец во филмот.

 

Amazon.com: DIAMOND SELECT TOYS Marvel Premiere Collection: Hobgoblin Resin Statue, Multicolor, One-Size : Toys & Games
Hobgoblin

Во стриповите, Ned станува Hobgoblin.

  • За што точно служи новиот црно-златен костум на Peter Parker?

Според тоа што го видовме, костумот е интегриран со магија на Doctor Strange која ќе помогне во заглавување на негативците во магичниот затвор (коцката) на сликата подолу:

Дознавајќи дека негативците нема да може да се вратат во нивните универзуми, Strange ќе ги затвори во магичниот артефакт бидејќи претставуваат опасност за MCU timeline-от, додека пак Peter ќе проба да ги спаси од причина што не би сакал да страдаат други животи поради прикривање на неговиот идентитет.

  • Потврдено е дека J. Jonah Jameson ќе има поголема улога, во трејлерот ја носи истата облека како во крајните сцени на Spider-Man 3.

  • Според сите сцени што ги видовме, можеме да заклучиме дека Doctor Octopus ќе ги разбере добрите намери на Peter, дополнително нема да биде контролиран од AI системот во неговите пипци и со тоа ќе реши да му помогне во неговата мисија за доброто на сите.

Нано-технологијата на Iron Spider костумот се соединува со пипците на Doc Ock:

  • Нов изглед на Jamie Foxx во улогата на Electro, исто како од стриповите:

31 Electro ideas | marvel comics, comic books art, spiderman
Electro во стриповите на Marvel

  • Sandman и Lizard добиваат непроменети изгледи:

  • Како знаеме дека Tobey и Andrew се дел од филмот?

Во Бразил е издадена верзија од трејлерот во која Lizard добива удар буквално од никого, ова е доказ дека токму во оваа сцена се присутни Tobey и Andrew, тргнати се со цел да се избегнат спојлери.

Исто така ова е доказ дека тимот за визуелни ефекти работи напорно дури и само 30 дена пред филмот и нема доволно време да монтира променети сцени само за во трејлер.

  • Сцената во прилог ќе биде класична ретроспектива во која Spider-Man верзијата на Andrew Garfield ќе ја спаси MJ:

Во успорена снимка од сцената може да се примети дека се случувале промени во уредувањето на визуелните ефекти:

  • Дополнителни пропусти во визуелните ефекти за прикривање на другите Spider-Man-и во трејлерот:

  • Доказ дека Leaked сцените од Tobey и Andrew се вистински, се работи за истата локација како во трејлерот:

  • Реакции на публиката за време на трејлерот на вчерашниот фан-настан во Лос Анџелес:

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ