Денес е четврток, 8 декември 2022
ПочетокПоп КултураПрисуствувавме на свеченото отворање на Американското Катче на економскиот факултет при УКИМ!

Присуствувавме на свеченото отворање на Американското Катче на економскиот факултет при УКИМ!

Новата локација ќе продолжи да нуди уникатни програми и бесплатни ресурси за сите посетители!

Американската амбасадорка Кејт Брнз, заедно со ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски и деканот на економскиот факултет при УКИМ, проф. д-р Предраг Трпески, официјално го пуштија во употреба американското катче, сега со нова локација при самиот влез на економскиот факултет (Булевар Гоце Делчев 9В).

Катчето е официјално отворено во 2005 година, но сега со уште поинтензивна програма и нова локација!
Изјавата на амбасадорката преку нејзиниот Twitter профил:

 

 

Congrats to American Corner Skopje on its new location at Ekonomski Fakultet – Skopje, expanding our partnership with UKIM. Since 2005 American corner has offered creative programs, study in the U.S. & other resources to empower youth to build a better future.

 

Мисијата на американското катче е да ги поттикне и охрабри младите луѓе да бидат активен дел од општеството.
Се што треба да направите е да се зачлените во американското катче!
Сите активности се бесплатни, почнувајќи од креативни програми како курс за програмирање, предавања за цртање стрипови, работилници за 3Д принтање и косплеј, филмски проекции, дискусии и дебати, играње на друштвени игри па се до бесплатно изнајмување на книги, стрипови, енциклопедии и актуелни списанија директно од САД!
Ресурсите нудат одлична можност за едукација и запознавање со модерната култура, едно поинакво место со позитивна енергија кое навистина вреди да се посети!

Кога сме веќе кај стриповите и книгите, можете слободно да си изнајмите интересни наслови како Joker, Carnage, Fantastic Four (колекција), Ms. Marvel, X-Men, Star Wars енциклопедии па дури и Sci-Fi новелата на Frank Herbert, Dune.

Нашата последна заедничка активност, беше повеќемесечната програма наречена Pop Culture Lab која се состоеше од предавања и работилници за подкаст, 2Д анимација, визуелни ефекти, цртање и пишување стрипови, 3Д принтање и косплеј!
Талентираните учесници креираа кратки стрип приказни кои подоцна беа испечатени во мала книгичка:

Во катчето можете да најдете и КОМИКС МК стикери!

 

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ