Денес е недела, 17 октомври 2021
ПочетокГејмингNintendo Direct: Super Mario Movie, Bayonetta 3, Kirby и сите други новости!

Nintendo Direct: Super Mario Movie, Bayonetta 3, Kirby и сите други новости!

Најновиот Nintendo Direct беше исполнет со новости и што играчите можат да очекуваат на Switch во блиска иднина.

SUPER MARIO MOVIE

Nintendo објави кастинг за новиот Марио филм кој вклучува многу познати имиња. Nintendo и Illumination заедно работат на анимираниот филм Марио кој ќе биде достапен за гледање во кината на 21ви декември 2021 година. Иако сеуште немаме прв поглед на филмот ова е официјалниот каст :

Chris Pratt – Mario Anya

Taylor-Joy – Peach

Charlie Day – Luigi

Jack Black – Bowser

Keegan-Michael Key – Toad

Seth Rogen – Donkey Kong

Fred Armisen – Cranky Kong

Kevin Michael Richardson – Kamek

Sebastian Maniscalco – Spike

Cameos од Charles Martinet (стариот гласовен актер на Марио)

Актерот Chris Pratt даде кратка изјава за неговата улога.

BAYONETTA 3

После долги 4 години чекање од првиот краток тизер за Bayonetta 3 конечно добивме 4 минутен трејлер за долго очекуваната игра. За жал немаме точен датум но само знаеме дека играта ќе излезе во 2022 година. Bayonetta 3 во моментов е во развој исклучиво за Nintendo Switch!

Monster Hunter Rise: Sunbreak

Monster Hunter Rise добива нова експанзија, Sunbreak. Sunbreak ќе претстави нови локации, приказни и чудовишта. Ќе може да се игра следното лето и ќе биде DLC кое ќе треба да се доплати.

Mario Party Superstars.

Нинтендо откри уште три класични локации за Mario Party Superstars.Woody Woods, Yoshi’s Tropical Island, Horror Land.

Voice of Cards: The Isle Dragon Roar

Voice of Cards: The Isle Dragon Roars е card-based RPG од креаторот на Nier, Yoko Taro и доаѓа за Switch на 28 -ми октомври, со демо кое е достапно на eShop од денес.

Disco Elysium: The Final Cut

Disco Elysium: The Final Cut доаѓа за Switch на 12 октомври, со комплетно редизајнирано искуство и многу други подобрувања во квалитетот.

Chocobo GP 

Тркачко искуство со Chocobo и други карактери од Final Fantasy доаѓаат на NintendoSwitch во 2022 година! Во Chocobo GP се тркате низ познатите патеки инспирирани од Final Fantasy и користите специјални способности на карактерите и Magicites за брзо да го поминете натпреварот.

Kirby and the Forgotten Land

Следниот наслов на Kirby се вика Kirby and the Forgotten Land каде што играте во пост-апокалиптичен свет. Kirby доаѓа на Switch следната пролет.

Animal Crossing: New Horizons

Nintendo најави голем апдејт за играта за Switch што може да внесе нов живот во виртуелниот свет. Апдејтот нема да биде тука до ноември, а Нинтендо вели дека ќе открие повеќе детали во октомври и изгледа дека ќе го добиеме долгоочекуваното кафуле.

Splatoon 3

Нов трејлер за Splatoon 3 и некои многу познати лица кои ќе помогнат во режимот на приказна во играта, „Return of the Mammalians“, каде што светот ќе стане многу повлакнест.

Triangle Strategy

Тактичката RPG HD-2D од SQUARE-ENIX која беше објацена оваа година,Triangle Strategy ве води низ возбудлива приказна која се менува врз основа на вашите одлуки. Вашите стратегии и убедување ќе ја водат вашата судбина на крајот.

Metroid Dread

Metroid Dread доби extended story трејлер кој ги истражува длабочините на Planet ZDR., играта излегува на 8 октомври.

N64 и SEGA Genesis игри доаѓаат на Switch

Nintendo ќе ги прошири своите Nintendo Online услуги за да ги вклучи класичните игри од N64 и SEGA Genesis. Детали за цените и плановите ќе бидат откриени во октомври 2021 година.

Членовите на Nintendo Switch Online, исто така, ќе имаат можност да ги купат класичните контролери од Nintendo 64 и SEGA Genesis кои ќе бидат безжични.

 

 

Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ