Денес е петок, 19 април 2024
ПочетокАнимеSONY го купи аниме/манга дистрибутерот Crunchyroll и планира да го додаде во...

SONY го купи аниме/манга дистрибутерот Crunchyroll и планира да го додаде во PS Plus претплатата оваа година!

Crunchyroll доаѓа на PlayStation Plus претплатата оваа година. За сите гејмери и фанови на аниме/манга ова е уште една голема причина зашто да се претплатите на PS Plus!

Sony минатата година официјално објави дека во процес е купувањето на Crunchyroll за 1.175 билиони американски долари!

Оваа недела дознаваме дека Sony официјално го купи Crunchyroll и планира да го додаде во PS Plus претплатата до крајот на 2021 година. Ова се одлични новости за веќе претплатените на PS Plus и голема причина за да се претплатите на годишен PS Plus.

Crunchyroll е стриминг услуга која е создадена во 2006 година. Сервисот нуди над 1000 аниме емисии вклучувајќи манга и дорама, со над 120 милиони регистрирани корисници во повеќе од 200 земји. 

Сони во април потврди дека тестира нова услуга PlayStation Plus Video Pass во Полска. Услугата им овозможува на корисниците на PS4 и PS5 во Полска да пристапат до околу 20 филмски и телевизиски емисии од Sony Pictures како дел од претплатите на PS Plus, при што повеќе содржини се додаваат на секои три месеци. Многу наскоро се објави дека не се задоволни од услугата и нема да продолжи да биде во претплатата.

Се очекува од PlayStation да се објави официјален датум наскоро па и да видиме дали цената на месечната/годишна претплата ќе остане иста!

 

Тино
Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ