Денес е сабота, 26 ноември 2022
ПочетокПоп КултураRazer Project Hazel - Најнапредната маска во светот преминува од концепт во...

Razer Project Hazel – Најнапредната маска во светот преминува од концепт во реалност! (ВИДЕО)

Новото нормално – Паметна маска која е фокусирана на 5 клучни аспекти, дизајн и изненадувања кои ќе ве направат да изгледате како карактер од видеоигра.

На почетокот на оваа година, Razer најавија концепт на нова маска која ќе биде нешто ново, стилско и ревoлуционерно во една чудна и непредвидлива пандемија. Низ текот оваа година многу фанови почнаа да бараат од компанијата да ја преточи маската во реалност, со многу позитивни дискусии на социјалните мрежи, дечките од Razer решија да ги послушаат нивните коментари, сугестии и идеи со цел да развијат една маска која секој од нас би ја имал.

Способностите на маската:

  • Кружни N95 филтери со можност да ги промените со нови во секој момент
  • Цврста силиконска обвивка почнувајќи од горниот дел на носот па се до брадата
  • BFE (Bacterial Filtration Efficiency) рејтинг – Универзален стандард за безбедност од бактерии и заштита од аеросоли
  • Транспарентен дизајн што значи дека устата и носот ќе може да се гледаат додека ја носите маската
  • Внатрешни и надворешни светла кои ќе носат дополнителен стил на вашиот изглед
  • Облога против магла
  • Доколку сте сопственик на една ваква маска, ја заштитувате околината со фактот дека не користите други маски кои потоа се фрлаат во ѓубре (низ океаните и морињата)
  • Сите филтери кои со текот на времето треба да се заменат со нови, траат три пати подолго од обичните маски
  • Заштеда од 80% материјал кој треба да се фрли во океаните (преку малите кружни N95 филтери)

На Instagram профилот на Razer имате пристап до филтер кој ќе ја генерира маската на вашата фаца со цел да видите како личи.

Project Hazel Instagram Filter

Најпрво продажбата ќе се одвива преку лимитиран број на парчиња и ќе започне во четвртиот квартал на 2021 година ексклузивно преку нарачки на www.razer.com

Сите детали за маската можете да ги погледнете на видеото подолу преку официјалната презентација на E3 гејминг настанот:

 

 

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ