Денес е среда, 6 јули 2022
ПочетокФилмовиWesley Snipes се враќа во легендарната улога, но во друга франшиза!

Wesley Snipes се враќа во легендарната улога, но во друга франшиза!

Актерот ќе игра идентична улога како во добропознатата ‘Blade’ трилогија на Marvel, но овој пат како дел од ‘John Wick 4’

Студиото Lionsgate моментално е во разговори со познатиот актер за улога на вешт мечувалец која ќе го наврати на старите добри времиња кога беше главниот убиец на злосторни вампири.

Snipes е вистинскиот избор со неговото богато искуство за интензивни акциони филмови иако моментално е во неговата 58-ма година, заедно со Keanu Reeves ќе донесат уште поголеми возбудувања и вредности на големите филмски платна.

Четвртиот дел веќе има феноменална група на актери како: кинескиот актер Donnie Yen (Rogue One: A Star Wars Story), британско-јапонската поп ѕвезда Rina Sawayama, канадскиот актер Shamier Anderson (Stowaway), Laurence Fishburne и Bill Skarsgård (It) кој во моментов не е официјално потврден.

Снимањето ќе започне овој месец во Парис и Берлин а во текот на следните месеци ќе се снимаат сцени во Јапонија и Њујорк.

‘John Wick 4’ е закажан да дебитира на 27-ми Мај, 2022 година.

Извор: Тhe Illuminerdi

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ