Денес е петок, 23 јули 2021
ПочетокФилмовиSpider-Man 4 (Sam Raimi): Визуелен приказ на битката со Vulture! (ВИДЕО)

Spider-Man 4 (Sam Raimi): Визуелен приказ на битката со Vulture! (ВИДЕО)

‘Spide-Man 4’ за малку ќе бил реалност, дознајте повеќе за негативците, тепачките и приказната во филмот.

Во 2009 година официјално беше прекината изработката на четвртото издание во добропознатата франшиза на Sony под раководство на режисерот Sam Raimi и актерот Tobey Maguire. После само неколку месеци беше официјално изјавено дека во изработка е нова франшиза на Spider-Man со актерот Andrew Garfield.

Интересен факт: Според првичниот план на студиото сме требале да видиме 6 делови на Spider-Man филмови со Tobey Maguire и Sam Raimi.

Режисерот сметал дека франшизата заслужува да заврши со квалитетен проект, имал на ум во кој правец ќе го изработи филмот но за жал не сакал да избрза со пишување на сценариото па токму затоа решил да даде црвено светло за изработка на филмот.

Sam Raimi кога соопштил дека не е подготвен за изработка на ‘Spider-Man 4’:

„I was very unhappy with Spider-Man 3, and I wanted to make Spider-Man 4 to end on a very high note, the best Spider-Man of them all. But I couldn’t get the script together in time, due to my own failings, and I said to Sony, ‘I don’t want to make a movie that is less than great, so I think we shouldn’t make this picture. Go ahead with your reboot, which you’ve been planning anyway.’ And [former Sony co-chairman] Amy Pascal said, ‘Thank you. Thank you for not wasting the studio’s money, and I appreciate your candour.’ So we left on the best of terms, both of us trying to do the best thing for fans, the good name of Spider-Man and Sony Studios.”

Сметал дека подобро е да не изработи нов дел, отколку да изработи нешто што ќе биде разочарување за фановите.

Деталите околу приказната за четвртиот дел до ден денес не се јасни, но информациите кои може да ги добиеме од режисерот и од екипата која работи на визуелните ефекти се дека главниот негативец требало да биде Vulture, актерот John Malkovich требал да ја игра улогата.

John Malkovich as Adrian Toomes (Vulture)

Други негативци за кои сме требале да видиме cameo биле Mysterio (фатен и приведен во првите сцени од филмот).

Официјален Concept Art / Mysterio е фатен и приведен во првите сцени од филмот

Трансформацијата на Curt Conors (актерот Dylan Baker) во Lizard.

Dylan Baker во ‘Spider-Man 2’ во улогата на Curt Conors

 

Felicia Hardy (Black Cat) требала да биде голем дел од филмот, актерката Anne Hathaway била планирана за улогата која неколку години подоцна ја играше улогата на Catwoman во ‘The Dark Knight Rises’.

Anne Hathaway / Black Cat

Приказна со многу емоции, Peter Parker пробува да ја најде среќата и да ги преброди тешките моменти за смртта на неговиот најдобар другар, Harry Osborn. Случувањата со негативецот се сеуште непознати, но добиваме први визуелни цртежи од David E. Duncan кој е работел како Storyboard артист за ‘Spider-Man 4’ и многу други филмови во Hollywood. Споделените снимки се дел од работата како првични концепти изработени за ‘Spider-Man 4’ за тепачката помеѓу Vulture и Spider-Man.

Снимката е објавена на 12.06, 2021 година.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ