Денес е среда, 16 јуни 2021
ПочетокАнимеAttack on Titan постави нов Guinness World Record

Attack on Titan постави нов Guinness World Record

Гинисовиот рекорд официјално ја потврди големaтa испечатена манга „Attack on Titan“ како најголема објавена книга. Издавачот на Attack on Titan, Kodansha, го држи рекордот од 13 април. Мангата е висока еден метар и е широка 70 сантиметри, што ја прави 6-7 пати поголемa од обичен „tankо̄bon” и тежи 13,7 килограми.

Концепт за мангата е таа да биде во соодветна големина за да може да биде прочитана од титан. Покрај тоа, таа беше направена во знак на сеќавање на неодамнешниот завршеток на серијалот на мангата.

Претходниот рекордер за најголемиот објавен стрип во светот беше бразилскиот стрип Turma da Mônica кој бил 99 сантиметри висок, 1 саниметар помалку од мангата Attack on Titan.

Со цел официјално да се квалификува како објавена манга, а не како еден примерок, издавачот на Attack on Titan, Kodansha, требаше да продаде 100 примероци. Секоја манга имаше цена од 165.000 јени, што е околу 1.240 евра. Сите примероци беа распродаде за две минути.

 

Ива
Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ