Денес е вторник, 5 јули 2022
ПочетокГејмингГо игравме новиот mode на Call of Duty: Warzone

Го игравме новиот mode на Call of Duty: Warzone

Ги споделуваме нашите мислења и сите информации околу „Operation: Monarch“, најновиот update на „COD: Warzone“ каде играме против Godzilla и Kong.

Порано би ни изгледало многу чудно и нереално да ги видиме овие два моќни титани во видеоигра како Call of Duty, но почнувајќи од вчера, па се до 25-ти мај, ја имаме можноста да го доживееме и тоа гејминг искуство.

На мапата Caldera, вкупно 60 луѓе, во тимови од по четворица, се борат да преживеат до крајот на мечот. Оружјата се наоѓаат на земја, а сега тука воедно има и т.н. „Monarch Intel“ кој ни дава пристапност кон повеќе корисни работи. Правилата се едноставни, но Godzilla и Kong го носат целиот gameplay на едно сосема поинакво ниво.
Тие двајца се присутни на одредени делови од мапата и зачудувачки, не се секогаш се опасни. Меѓутоа, во некој период од мечот почнува т.н. „Titan Frenzy“ каде тие почнуваат да рушат и да напаѓаат се пред себе, па доколку сте во нивна близина, најпаметната опција ви е што побрзо да бегате.

Секако, играта е направена да има бенефиции доколку го направите спротивното, па така, ако ги напаѓате додека трае „Titan Frenzy“ и на крај сте тимот со најмногу damage, тогаш добивате „S.C.R.E.A.M. Device“. Со ова вие имате можност да комуницирате со некој од овие титани и да направите тие да ви помогнат. Дали тоа ќе биде „Heat Ray Breath“ на Godzilla или пак фрлање голем камен од страна на Kong, е ваш избор.

Единствено нешто во овој „mode“ полн со акција, напнатост и борба за преживување, фалеше една голема битка помеѓу Godzilla и Kong. Ова без сомнение ќе беше огромен спектакл, но според тоа што го искусивме ние и според тоа што вие можете да видите од видеава, и ова што го добивме е одлично.

 

 

 

 

 

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ