Денес е петок, 1 јули 2022
ПочетокФилмовиСПОЈЛЕР ДИСКУСИЈА: Наше искрено мислење за Doctor Strange in the Multiverse of...

СПОЈЛЕР ДИСКУСИЈА: Наше искрено мислење за Doctor Strange in the Multiverse of Madness – Зошто ова е еден од подобрите MCU филмови

Во прилог следува СПОЈЛЕР дискусија наменета само за тие што веќе го гледале филмот.

Ова е можеби еден од филмовите на Marvel Studios кој (покрај Avengers франшизата) имал најголеми очекувања во поглед Cameos од добропознати филмски Marvel херои.
Искрено мислиме дека не е потребно да бидеме преплавени со појавување на карактери од претходни франшизи во една ваква интимна приказна која има за задача да го долови полудувањето на Wanda преку призмата на мултиверзумот.
На многу фанови и критики им смета фактот што не сме виделе доволно од различните светови кои има да ги понуди мултиверзумот со оглед на тоа дека во насловот стои фразата In the Multiverse of Madness. Нашиот одговор на таа критика е дека насловот е интерпретиран на сосема различен начин и доколку некој сака да гледа различни сценарија со епски завршници тогаш треба да и даде шанса на првата а и воедно извонредна анимирана серија на Marvel Studios, ’What If …?‘.
Насловот треба да биде интерпретиран вака – Doctor Strange се соочува со лудилото (корумпираниот, депресивен ум на Nexus појавата The Scarlet Witch во комбинација со нејзината незапирлива моќ) низ призмата на мултиверзумот (приказна во која Wanda прави рана во мултиверзумот како единствен начин да си ги врати своите деца). Дополнително на тоа видовме два тотално нови светови кои се разликуваат од Earth-616 на многу начини.
За да ги исполни очекувањата на сите, филмот требаше да претстави многу нови светови (кои веќе ги видовме во ’What If …?‘ и да биде преполнет со Cameos (огромен Fan Service) во кои ќе се изгубеше дејството, ликовите и главната поента на филмот.
Тимот на Илуминати беше составен од легендарни карактери (како инспирација од стриповите, анимираните серии и филмовите) кои во најмали црти беа спектакуларни за гледање и секој од нив го доживеавме сосема доволно. Треба да бидеме задоволни и среќни што за прв пат гледаме една ваква група на влијателни и моќни суперхерои (иако за кратко беа распарчени на доста креативни и брутални начини) со актери кои се извонредни во нивните улоги, но John Krasinski во улогата на Reed Richards (Mr. Fantastic) дефинитивно беше најголемото изненадување. Фановите уште еднаш се послушани, секоја чест!
Членовите на тимот се:
  • Professor X (Patrick Stewart во улогата од X-Men цртанот кој дебитираше во 1992 година)
  • Black Bolt (Anson Mount – истиот актер од ’Inhumans‘ ТВ серијата)
  • Agent Carter (Актерката Hayley Atwell – нејзиниот карактер беше дел од анимираната ’What If …?‘)
  • Captain Marvel (Актерката Lashana Lynch во улогата на Maria Rembeau)
  • Mr. Fantastic (Актерот John Krasinski во улогата)
  • Baron Mordo (Актерот Chiwetel Ejiofor во улогата)
Ние сме презадоволни од сите изненадувања и cameos, единствено можеше да биде претставен Tom Cruise во улогата на Iron Man бидејќи навистина би се вклопил добро во оваа група, но како што напоменавме, милтиверзумот тукушто започна и буквално се е возможно во иднина.

Како Wanda ги уби сите овие моќни ликови?
Консумирана од клетвата на Darkhold-от во комбинација со chaos-магијата, Wanda Maximoff има способности кои ги надминуваат дури и оние на Sorcerer Supreme (напоменато од страна на Agatha во ’WandaVision‘), дури и смртта на Charles Xavier е оправдана од причина што нејзиниот ум е корумпиран до степен кој е тешко да се контролира, дополнително на тоа таа е вешта кога станува збор за телекинеза (психолошка контрола).
Глумата на Elizabeth Olsen беше навистина врвна, вештерка која е опишана морничаво, моќно, корумпирано со доста добри хорор елементи – Пресликано од Marvel стриповите. Нејзиниот пат во филмскиот универзум до овој момент е нешто кое придонесува за нејзината депресија, гнев, страдање, страв и прифаќање. Добиваме еден доста комплексен карактер кој има потпора од континуиран character development низ минатите филмови. Таа е важен дел за филмскиот универзум и со нетрпение чекаме да видиме нешто повеќе за нејзиното враќање, најновите гласини тврдат дека Marvel Studios изработуваат сопствен филм за нејзиниот лик, во секој случај нејзините одлуки ќе бидат голем дел од филмскиот настан кој сите го чекаме – Secret Wars!

Sam Raimi одлично си ја врши својата работа, покрај хорор елементите за кои е доста вешт, тој додава на темпото и тонот кои се доста добро балансирани, со кинематографија, кадри и edit-нати сцени кои се преубави за гледање. Преку тепачката со музичките композиции, илузијата и магиите, па се до carnage-от на Wanda, акцијата е комплетно уживање.
Benedict Cumberbatch како и секогаш е феноменален, писателите зад неговиот карактер одлично си ја завршиле работата, во филмот се опишува како егоистичен, несовршен, тврдоглав и спремен да направи се со цел да го спаси денот. Тој патува низ една приказна која ќе го направи да смени одредени вредности за самиот себе, на крајот од филмот ја запоставува неговата позната поговорка:

In the grand calculus of the multiverse, their sacrifice means infinitely more than their lives.

Разбира дека стремењето кон контрола на големата моќ (во случајот отворање портали низ мултиверзумот која ја поседува America Chavez) ќе го доведе до еден корумпиран степен, исто како што се доведе Wanda преку претерано користење на Darkhold-от. Оваа (616) верзија на Stephen Strange полека но сигурно станува новиот предводник во филмскиот универзум на Marvel! Интересно е тоа што во филмот се опишани и неколку други верзии на Strange, секоја од нив има исти основни карактеристики но се разликува по одредени одлуки кои ги носат со што ги доведува на работ на самоуништување (истото може да го видиме со Strange Supreme во анимираната ’What If …?‘). За сите овие верзии, дел од причината е Cristine Palmer која вечно ќе биде одделена од Strange, конечно и даваат значење на нејзиниот карактер. Освен третото око, кои последици следуваат по користење на Darkhold-от? Останува да видиме.

Сите ликови имаа сосема доволни и значајни улоги, единствено ликот на America Chavez кој немаше вредни карактеристики за самата себе, беше значајна само поради нејзината моќ да отвори портал низ мултиверзумот, се надеваме дека во иднина поубаво ќе се проучат нејзините карактерни особини и причина со цел да биде покрај легендарните суперхерои во овој филмски универзум. Во секој случај, за времето кое го имаше беше доволно добро вклопена.
Филм кој е различен од сите други проекти овој филмски универзум, стапнуваат во нова територија на мистика, хорор, корумпираност, лудило, прифаќање и промена. Ова е дефинитивно најмрачниот филм на Marvel Studios, изработен на квалитетно ниво со посветен тим.

8.7/10

Доста критичари напишаа дека ова не се чувствува како филм на Marvel Studios, бега од својата стандардна суперхеројска формула, па токму затоа нас премногу ни се допадна, јасно е дека во четвртата фаза на овој универзум ќе видиме многу различни и уникатни проекти кои се голем ризик, но исто така може да донесат и голем успех како во овој случај!
Doctor Strange презема мртво тело на варијанта од самиот себе додека воспоставува контрола врз умрените души кои пробуваа да го спречат од истото… How Badass is that?
Топло ви препорачуваме да го гледате во Cineplexx MK!
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ