Денес е вторник, 5 јули 2022
ПочетокГејмингДознаваме повеќе за една од најочекуваните видеоигри оваа година

Дознаваме повеќе за една од најочекуваните видеоигри оваа година

Студиото кое ни ја донесе добро познатата The Elder Scrolls V: Skyrim, оваа година се враќа со својот нов хит.

Starfield е можеби и најголемиот гејминг проект за оваа година а по купувањето на студиото Bethesda од страна на Microsoft, ова воедно ќе биде и најголемиот ексклузивен Xbox наслов.

Моментално не се знае многу за оваа sci-fi авантура, но кратките трејлери, интервјуата и слики од видеоиграта ни даваат добра идеја за тоа што треба да очекуваме.
Првпат во 2018, Starfield беше најавена со краток трејлер каде можевме да видиме астронаут во вселенски брод на чии екрани пишуваше 11 11 22, мал tease за датумот на кој играта ќе биде достапна. Интересен факт е што на истиот датум во 2011-та година, ја добивме Skyrim.

Според директорот за дизајни, Emil Pagliarulo, дејствијата во Starfield се случуваат во „The Settled Systems“, простор кој се протега 50 светлосни години околу нашата галаксија. А воедно дознаваме и мали детали околу приказната.
Имено во 2310 година, United Colonies и Freestar Collective војувале војна позната како „The Colony War“. По поминати скоро две децении од овој настан, главната задача на играчите, како дел од The Constellation, ќе им биде да ги откриваат и истражуваат тајните на вселената. Во секој случај ова нема да биде лесна задача затоа што ќе се соочат со многу непријатели како the Ecliptic (група на платени војници), the Crimson Fleet Pirates и House Va’Ruun.
Воедно, се очекува заедничката карактеристика која оваа видеоигра ќе ја има со Skyrim да бидат придружниците на играчот. Тие се ликови кои ќе ги сретнете низ големиот свет и со истите имате можност за развивање на различни врски и односи.
Сега во прилог ќе може да ја видиме втората епизода од „Into the Starfield“, што се всушност кратки разговори околу видеоиграта. А доколку одите на линкот на видеото ќе ја видите целата плејлиста каде ќе дојдете до повеќе информации.

Уште нешто интересно е тоа што излезе и една гласина од страна на јутјуберот Skullzi, кој сугерира дека Bethesda ќе го проширува универзумот на Starfield со нова MMO игра. Тој го изјави следново:
„I am fairly certain Bethesda is working on a standalone Starfield MMORPG right now, and the game will be set during the ‘Colony Wars’ 20 years before the single-player game takes place. I have evidence to back this up.“

Дали е ова точно или не, останува да видиме. Видеоиграта е закажана за 11.11.2022 и во истата ќе можат да уживаат сите Xbox и PC играчи. Воедно, се надеваме дека ќе дознаеме многу повеќе за овој проект на Xbox and Bethesda Games Showcase, настан кој ќе се одржи на 12-ти јуни оваа година.
Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ