Денес е понеделник, 28 ноември 2022
ПочетокГејмингДознаваме повеќе за новите видеоигри од студиото кое ни ја донесе Black...

Дознаваме повеќе за новите видеоигри од студиото кое ни ја донесе Black Desert

Crimson Desert и DokeV се новите видеоигри на студиото Pearl Abyss. 

Pearl Abyss е корејско студио основано во 2010 година кое стана познато по својот „cross-platform MMORPG хит, Black Desert. Од нејзиното деби во 2015 година па се до денес видеоиграта бележи десетици милиони играчи и заработи околу 2 милијарди долари. Ова беше доволно за студиото во 2019 да изработи и верзија за мобилни телефони, а моментално работат на видеоигра од истиот универзум, Crimson Desert.
Crimson Desert е „third-person RPG“ каде дејствијата се одвиваат во средновековен свет полн со фантазија (поточно на континентот Pywel), каде ќе ја имаме можноста да играме со Macduff, кој е платен војник.

На официјалната веб-страна на Pearl Abyss, приказната ја имаат опишано на следниов начин:

“The King of Demeniss, Unifier of Lands, lies in a coma. In the ensuing power vacuum, those who have suffered under his iron rule now seek to exploit his weakness. Some who have felt the oppression of his conquests seek only independence, but others dream of gaining their own absolutist rule.”

А дел од атмосферата која преовладува е резултат на убавата графика, природа и бои, може да видиме на трејлерот и на „gameplay“ видеата.

Сите информации сугерираат дека овој проект би требало да биде достапен оваа година за PC, PlayStation 4/5, Xbox One и Xbox Series X/S.
Следната „open world“ видеоигра на ова студио е DokeV. За разлика од претходната, оваа видеоигра многу ќе им се допаѓа на Pokemon фановите а сега ќе видиме и зошто е тоа така.

Најавена во 2019 година, видеоиграта требаше да му припаѓа на MMO жанрот, но потоа студиото најави дека тaa сепак ќе биде „Open World“ а воедно и „creature collecting action adventure“.
Според официјалната веб-страна, во видеоиграта ќе има суштества наречени Dokebi, чии дизајни ќе варираат од часовник со слушалки (добро прочитавте), па се до животни како панда (со боксерски ракавици).
Во трејлерот подолу се прикажани овие суштества кои ќе можете да ги уловите за потоа да ги користите во најразлични борби.

Друго нешто што е многу интересно е фактот што ќе имаме голем број на опции за тоа како ќе се движиме низ светот. Како што може да видите, меѓу тие опции имаме трчање, возење скејтборд, велосипед, автомобил, а исто така ќе има и летање. За да ви биде појасно, може да го погледнеме и „gameplay“ трејлерот.

Исто како и Crimson Desert овој проект би требало да биде достапен најрано оваа година за PC, PlayStation 4/5 и Xbox Series X/S.
Како за крај, со вас ќе ја споделиме и официјалната песна креирана само за видеоиграта, која ќе им се допадне на сите фанови на K-Pop музиката.

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ