Денес е петок, 19 април 2024
ПочетокГејмингДознаваме повеќе за видеоиграта Black Myth: Wukong

Дознаваме повеќе за видеоиграта Black Myth: Wukong

Black Myth: Wukong е акциона RPG видеоигра од кинеското студио Game Science која треба да биде достапна следната година. 

Уште во 2020 година, ова студио објави 13 минутно „gameplay“ видео од играта и истото стана огромен хит и истото достигна бројка од скоро 10 милиони прегледи.
Досега немаме конкретни информации од приказната на играта, освен тоа дека е базирана на книгата Journey to the West и дека главниот лик ќе биде добро познатото суштество од кинеската митологија, Sun Wukong.

Друга сигурна информација која ја имаме е тоа што видеоиграта ќе има врвни визуелни ефекти, а истото го потврдува и овој преубав Unreal Engine 5 трејлер.
Видеоиграта најверојатно ќе биде достапна на next-gen конзолитe, а воедно и PC. A точниот датум за кога ќе се случи тоа е сеуште непознат бидејќи студиото најави дека сака да ја изработи комплетно и перфектно. Како и да е, од овој пост на twitter добиваме информации дека видеоиграта ќе биде достапна следната година, а воедно добиваме и кратко PS5 gameplay видео.

Тино
Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ