Денес е среда, 7 декември 2022
ПочетокГејмингПристигнува нова видеоигра за љубителите на самураи

Пристигнува нова видеоигра за љубителите на самураи

Од 5-ти мај ќе имаме можност да ја играме Trek to Yomi, игра за сите обожаватели на самураите.

Trek to Yomi е новата игра од студиото Devolver Digital, која има многу уникатен стил. Изработена е така што има голем фокус на кинематографијата, па со тоа сцените се како филм во кој вие ги контролирате движењата. Многумина зборуваат како таа е мешавина на црно – белиот стил на филмовите на Akira Kurosawa и добро познатата игра, Ghost of Tsushima.
Приказната е едноставна. Низ целата игра вие сте еден самурај кој има за цел да го ослободи својот град. Тоа што ја прави играта интересна, освен филмскиот стил, е и големиот избор на оружја и комбинации на удари со кои имате можност да изградите свој уникатен стил на борба.
Порталот IGN ја нарече и “Playable Samurai Film”, а во прилог може да видиме како изгледа тоа..

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ