Денес е четврток, 28 март 2024
ПочетокГејмингPlayStation работи на стриминг услуга како одговор на успешниот Xbox Game Pass

PlayStation работи на стриминг услуга како одговор на успешниот Xbox Game Pass

Огромен избор на видеоигри за прифатлива месечна цена? Стримингот тукушто започна во Гејминг индустријата!

Xbox Game Pass е новиот тренд за скоро сите гејмери, видеотека со повеќе од 100 високо-квалитетни видеоигри за само $9.99 месечно (или $14.99 за повеќе наслови).

Придонесот кон овој тренд се должи на ТРИ клучни фактори:

  • Накачени цени на сите видеоигри за новата генерација на конзоли
  • Огромната палета на видеоигри кои ги нуди Game Pass-от
  • Прифатлива месечна цена која најмногу придонесува за сите Casual гејмери

Best Xbox Game Pass games: 30 games you absolutely need to download |  TechRadarСе шпекулира дека Sony веќе се во напредна фаза на изработка на сопствен Game Pass кој ќе има цел да ја зацврсти PlayStation доминацијата на пазарот.

Медиумот Bloomberg ни пристига со информации за тајни документи околу новиот стриминг проект на Sony со продукциски наслов SPARTACUS.

Sony adds USB extended storage option for the PlayStation 5 - GSMArena.com  news

Стриминг опцијата ќе биде поделена во ТРИ сегменти:

  • Тие што имаат PlayStation Plus поени (можност за онлајн) ќе продолжат да добиваат избор на бесплатни видеоигри секој месец.
  • Претплата на Game Pass кој ќе содржи огромен број на видеоигри (скоро сите наслови од Xbox Game Pass кои се достапни за Playstation и PC + сите изминати PlayStation ексклузиви).
  • Трета и најскапа претплата, Game Pass + ексклузивни (и продолжени) демо видеоигри и хит наслови од PS1, PS2, PS3 и PSP.

Овој стриминг проект се очекува да го доживее своето деби во пролет 2022 година, ќе биде именуван PlayStation Now!

PlayStation Plus ќе си остане, додека пак името на стриминг услугата е со цел да се изгради препознатлив бренд.

Microsoft бележи повеќе од 18 милиони претплатници на Xbox Game Pass од почетокот на неговото лансирање во 2021 година заедно со новата генерација на конзоли.

PlayStation е конзола која е различна од другите само поради квалитетните ксклузивни наслови.

Со ова ќе додаде еден нов слој на гејминг искуството и дефинитивно ќе биде најконкуретната конзола на пазарот.

Останува да видиме!

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ