Денес е понеделник, 28 ноември 2022
ПочетокГејмингBlack Myth: Wukong и Wuchang: Fallen Feathers се двете нови видеоигри инспирирани...

Black Myth: Wukong и Wuchang: Fallen Feathers се двете нови видеоигри инспирирани од кинеската митологија, историските моменти и фолклор. (Оfficial Gameplay Trailers)

Во изработка се две нови видеоигри од две различни кинески студија но, со слична цел и инспирација. Game Science и Leenzee Games инспирирани од кинеската митологија и фолклор и моќта на новиот Unreal Engine 5, ни ги претставуваат Wukong и Wuchang. 

Фановите на кинеските филмови од двеилјадитите веќе се запознаени со карактерите Wukong и неговиот син Мonkey Кing. За нив има неколку филмови а во главната улога е познатиот актер Jet Lii. После скоро една денеција добиваме и open wolrd видеоигра која е базирана на приказната на Wukong. Black Myth ќе се одвива во 16 век во Кина и најмногу ќе се фокусира и инспирира од кинескиот фолклор во комбинација со старата кенеска митологија.

Ова е прв официјален детален гејмплеј трејлер за Black Myth: Wukong во кој можеме да видиме како видеоиграта изгледа на новиот UE5 со 4K/60FPS. Видеоиграта е авантуристичка во отворен свет со многу bossfight и делува на Souls like механизам. Погледнете! Black Myth: Wukong ја цели 2023 година како период на издавање.

Втората видеоигра е од поново кинеско студио наречено Leenzee Games кое е создадено во 2016 година. Wuchang: Fallen Feathers ќе се фокусира на големите историски моменти во древна Кина во период кога владеела династијата на MING. Fallen Feathers e акциона RPG исто така Souls like видеоигра која ја раскажува приказната на Wuchang и нејзините патешествија барајќи ја вистината. Видеоиграта ја цели 2024 година како период на издавање.

Погледнете го првиот осумнаесет минутен детален гејмплеј трејлер!

Black Myth: Wukong и Wuchang: Fallen Feathers ќе бидат достапни на PlayStation 4, PlayStation 5, Xbox One, Xbox Series X and Series S, Microsoft Windows (PC).

 

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ