Денес е сабота, 16 октомври 2021
ПочетокАнимеНеделни Aниме и Mанга Вести! Junji Ito, SAO, Baki и многу други!

Неделни Aниме и Mанга Вести! Junji Ito, SAO, Baki и многу други!

Junji Ito ќе ја издаде втората сезона од мангата Genkai Chitai (Disturbing Zone)

Создавачот на познатите хорор манги, Junji Ito откри дека втората сезона на мангата Genkai Chitai ќе биде достапна за читање на веб страницата AERA dot. Првото поглавје е со наслов „Demon King of Dust“ („Jinai no Maо̄“). Кое веќе е достапна за читање на веб страницата. Секоe ново поглавје ќе биде објавено секој вторник.

Иако меѓународното издание за Genkai Chitai сеуште не е потврдено, обожавателите на Ito надвор од Јапонија имаат избор на нови официјално преведени изданија на англиски јазик преку Viz Media како Remina, Sensors, Lovesickness и колекционерското издание на Junji Ito’s Cat Diary: Yon & Mu кое ќе биде достапна овој октомври.

Новиот Sword Art Online трејлер со повеќе детали околу филмот

Официјалната веб страница за Sword Art Online the Movie -Progressive- Aria of a Starless Night прикажаа нов трејлер за аниме филмот. Во трејлерот може да ја слушнеме новата тематска песна на филмот „Yuke“ од LiSA.

Новиот SAO филм е базиран на Sword Art Online: Progressive light novel напишан од Reki Kawahara и илустрирани од abec. Тоа е поопширно прераскажување на приказната за Sword Art Online.

Филмот ја прикажува приказната за средбата помеѓу Kirito и Asuna, која ги опфаќа настаните на првиот кат на Aincrad. Особено првичната борба на Asuna да се справи со реалноста на нејзиниот нов свет.

Новиот трејлер се фокусирна на односите помеѓу Mito и Asuna која што е нејзин пријател и од вистинскиот свет.

Премиерата на филмот во Јапонија ќе биде на 30 октомври 2021 година.

Првиот мјузикл Touken Ranbu добива манга адаптација

Touken Ranbu – Atsukashiyama Ibun, првиот сценски мјузикл за франшизата Touken Ranbu, ја инспирираше манга адаптацијата на Kyō Yamazaki, која ќе дебитира на 24 септември.

Touken Ranbu – Atsukashiyama Ibun го одржа својот прв пробен настап во 2015 година. Дебито се одржа од мај до јуни 2016. Франшизата оттогаш инспирираше повеќе мјузикли, како и посебни серијали на сценски претстави.

Touken Ranbu или „Играта за обука за персонификација на меч“ зема познати мечеви од јапонската историја и ги толкува како „bishōnen“(убави мажи). Nitroplus ги дизајнираше ликовите и сценариото и ја лансираше играта на нивната веб страна во јануари 2015 година.

Анимето Baki Hanma додава шест нови гласовни актери

Официјалната веб-страница за аниме франшизата Baki базирана на долгогодишната манга за боречки вештини на Keisuke Itagaki, објави шест дополнителни членови, гласовни актери за својата нова серија.

Baki Hanma ќе биде третата серија на Baki на Нетфликс, и продолжение на Baki: Dai Raitaisai-hen.

Сите 12 епизоди ќе бидат достапни за гледање низ целиот свет на 30 септември 2021 година на Нетфликс.

My Isekai Life доби визуелен тизер 

Откако претходно беше објавено во јануари оваа година, повеќе детали за адаптацијата на ТВ анимето My Isekai Life: I Gained a Second Character Class and Became the Strongest Sage in the World!, познато на јапонски како Tensei Kenja no Isekai Life – Daini no Shokugyou o Ete ни се откриени сега заедно со првиот аниме визуелен тизер.

My Isekai Life е типична isekai приказна која се фокусрина Yūji Sano кој што е повикан во алтернативен свет и буди магични сили во себе.

My Isekai Life е лесен роман кој е комична фантазија напишана од Shinkoshoto и илустрирана од Huuka Kazabana.

ТВ анимето ќе се анимира во REVOROOT и ќе започне со јапонско емитување некаде во 2022 година.

Hakuoki OVA откри нов постер и тизер

Првично најавено во јули 2021 година, објавени се повеќе информации за новото аниме на Hakuoki OVA. Вклучувајќи датум на издавање, членови на екипата , како и изведувачи на тематски песни. Серијата, продуцирана од Studio DEEN, ќе се состои од три епизоди.

Адаптирано од серија видео игри од Idea Factory, Hakuoki ја раскажува приказната за Chizuru Yukimura, девојка која патувала во Кјото да го бара исчезнатиот татко. Наместо тоа, таа случајно се наоѓа на битка помеѓу Shinsengumi и хорда од суштества слични на вампири наречени Furies.

Hakuoki веќе е адаптирано во аниме серија од Studio Deen, првата сезона се емитуваше од април до јуни 2010 година, а втората беше емитувана од октомври до декември 2010 година.

Hakuoki има повеќе OVA и тв аниме серијали па дури и два аниме филмови.

Видео играта е од otome жанарот која јапонците ја имаат наменето за женската публика. Општо земено, една од целите покрај главната цел на играта, треба да се развие и романтична врска првенствено помеѓу женскиот лик кој е протагонист и еден од неколкуте традиционално машки ликови.

OVA серијалите се Original Video Animation кои што се наменети за издавање во физичка форма. Тие најчесто се кратки и немаат никаква поврзаност со главната приказна на тв аниме серијалите.

Секоја епизода од овој OVA серијал треба да излезе и на Blu-ray и на ДВД на 24 декември 2021 година, 28 јануари 2022 година и 25 февруари 2022 година.

Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ