Денес е сабота, 16 октомври 2021
ПочетокГејмингПогледнете како ќе изгледа преработката на класичната научно фантастична хорор видеоигра DEAD...

Погледнете како ќе изгледа преработката на класичната научно фантастична хорор видеоигра DEAD SPACE!

Dead Space ќе добие преработка на првиот дел од трилогијата. Dead Space 2008 ќе се преработува на новиот Unreal Engine 5 па изработувачите решија да ни покажат малку од целиот процес и да споредат неколку преработени сцени од оригиналната Dead Space 2008. Погледнете!

Dead Space 2008 е научно фантастична-хорор видеоигра која се одвива на окупиран вселенски брод од перспектива на трето лице. Dead Space го има елементот на преживување инспириран од Resident Evil видеоигрите. Dead Space има неколку видеоигри до сега во кој и видеоигра за MOBILE исто така има анимирани филмови, стрип и еден графички роман. После речиси 13 години ќе се прави преработка на Dead Space 2008 на новиот Engine 5, погледнете како изгледа тоа во четириесет минутната презентација. DEAD SPACE REMAKE ќе биде наменета за новите генерации на конзоли и моќни гејмерски компјутери.

DEAD SPACE REMAKE е сè уште во рана изработка и нема официјален датум на издавање, фановите на Dead Space треба да имаат трпение од неколку години додека им биде сервирана овој нов REMAKE. За тие што не се запознаени со универзумот на Dead Space моја препорака е да ги изиграте видеоигрите и изгледате и прочитате останатите издадени материјали од светот на Dead Space!

Видеоигри.                  

  • DEAD SPACE
  • DEAD SPACE 2
  • DEAD SPACE 3
  • SPIN-OFFS 
  • DEAD SPACE: Extraction
  • DEAD SPACE: Ignition
  • DEAD SPACE (Mobile Game)
  • Анимирани филмови:
  • DEAD SPACE: Downfall
  • DEAD SPACE: Aftermath

За фановите на стрипови и графички романи!

DEAD SPACE: MARTYR во 6 делови и DEAD SPACE (COMICS 2008)

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ