Денес е сабота, 16 октомври 2021
ПочетокФилмовиCharlie Cox ни дава одговор со голема надеж за Daredevil во 'Spider-Man:...

Charlie Cox ни дава одговор со голема надеж за Daredevil во ‘Spider-Man: No Way Home’ (ВИДЕО)

Прашањето кое сите сакаме да го знаеме, дали ќе го видиме Matt Murdock како новиот адвокат на Peter Parker?

Актерот Charlie Cox ни дава слични одговори како оние на Willem Dafoe за улогата на Green Goblin.

Во прилог можете да ги проследите изјавите на актерот во пишана форма а подолу го има и целото интервју (делот за улогата на Daredevil започнува од 9:00 минута од YouTube видеото).

Charlie дава сигурна потврда дека не бил дел од трејлерот:

„Можам да ви ветам дека тоа не се моите подлактици“ via ComicBook

Одговор на прашањето дали е свесен за дискусиите на социјалните мрежи:

„Јас не сум активен на социјалните мрежи (воопшто ги немам), немам иста перцепција како и други луѓе но мојата мајка и сопруга редовно ми кажуваат за дискусиите околу Daredevil. Можам да забележам дека е нешто МАСИВНО, многу ми е мило што фановите имаат огромна грижа“

Додава едена изјава кој влева голема надеж кај фановите:

„И јас би сакал… ме прави… јас не… Не би сакал да уништам нешто во секој случај (и да сум дел и да не сум дел од филмот), ме разбирате на што мислам? Темава ме прави вознемирен бидејќи е нешто за кое тешко можам да зборувам. Сѐ што имам да кажам е следново: Сите вие, вклучително и јас, ќе треба да почекаме и да видиме што ќе се случи“

Додека ги одговара овие прашања, може да се забележи бунење и анкциозност во неговиот лик.

Погледнете (прашањето за Daredevil започнува од 9:00 минута од YouTube видеото):

 

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ