Денес е вторник, 5 јули 2022
ПочетокФилмовиCOMICS.MK: 'Shang-Chi and the Legend of the Ten Rings' Non-Spoiler Рецензија (不劇透評論)

COMICS.MK: ‘Shang-Chi and the Legend of the Ten Rings’ Non-Spoiler Рецензија (不劇透評論)

Го истражуваме древниот свет во филмскиот универзум на Marvel, потребно ни е уште!

Добиваме нов херој кој дефинитивно носи различност и уникатност од веќе виденото, четвртата фаза (Phase 4) со првиот свеж филм!

  • Едноставна приказна со големо срце.
  • Феноменални сцени со боречки вештини (и општо текот на сите борби) изработени до најмалиот детал, Jackie Chan vibes!
  • Негативец кој има тежина, буди чувство на соживот и апсолутно доминира во секоја сцена! The Real Mandarin!
  • Симпатичниот Simu Liu ги оправда очекувањата во улогата на Shang-Chi, но мораме да кажеме едно големо БРАВО за извонредната глума на актерот Tony Leung Chiu-wai поради кого Xu Wenwu (негативецот) го направи за класа подобар!
  • Глумата од другите актери генерално беше добра.
  • Без да ви дадеме spoiler, има еден лик кој би го препознале и е центарот на комедијата во филмот, шарм кој може да ни го долови само одредениот актер за улогата, убедливо најсмешен.
  • Влегуваме во еден митолошки свет кој изгледа преубаво, елементи на кинеска (азиска) култура со Anime инспирирани сцени. Голем број на митски суштества кои ќе ве остават воодушевени.
  • Третиот чин (Third Act) е полн со фантазија, преполн со акција и со големи изненадувања, спектакл кој ќе ве задоволи! There is one EPIC moment straight from the Chinese mythology! 
  • Мала замерка за една одлука (сцена) на писателите/режисерот со ликот на Awkwafina која можеше да биде напишана на друг начин.
  • Темпото е променливо но сепак сите сцени во филмот беа потребни за приказната.
  • Одлични визуелни ефекти (посебно во третиот чин) кои добро се вклопуваат со практичните ефекти и KUNG FU акцијата.
  • Музичките композиции и оригиналните песни беа полн погодок во скоро сите сцени (посебно во сцените кога имаше традиционални кинески композиции)!
  • Филмот има две After-Credits сцени, првата е „Jaw Dropping“ и дава tease за возбудлива иднина која го чека Shang-Chi. Сите теории ќе ги дискутираме кога повеќето ќе го изгледаат филмот.
  •  Уште многу прашања остануваат неодговорени, со нетрпение чекаме да дознаеме повеќе за десетте прстени и мистичниот свет во кој се кријат уште поголеми тајни.

Филм кој ни ги опишува вредностите на една фамилија, го буди чувството на љубов, трагедија и упорност, раѓање на еден нов суперхерој кој го препознава доброто од лошото и покрај сите препреки. Origin приказна која се издвојува како една од најдобрите во филмскиот универзум на Marvel.

Тешко е да се соџвака во едно гледање, се случија многу настани кои мора по втор пат да се искусат.

8.4/10

Уживаме во новите чудни, необични, мистериозни, непредвидливи и мистични проекти во растечкиот универзум на Marvel, иднината на четвртата фаза е тука! Buckle up!

За тие што веќе сте го гледале филмот, во прилог е еден мал  tease напишан на кинески според теорија која ја имаме за вториот дел:

方方福來了!

十環的創造者?

Преведете на Google Translate на Chinese Traditional (потенцијален СПОЈЛЕР за тие што не го гледале филмот).

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ