Денес е вторник, 28 септември 2021
ПочетокГејмингThe Witcher: Monster Slayer играта е достапна за сите android/ios телефони!

The Witcher: Monster Slayer играта е достапна за сите android/ios телефони!

„The Witcher: Monster Slayer“ е достапна за превземање откако имаше технички проблеми на лансирањето.

Pokémon Go беше издадена од Niantic во 2016 година и останува една од најпопуларните и најпрофитабилни игри за мобилни телефони, па не е изненадување што и други девелопери бараат да најдат начин да направат игри од ваков стил.

Механиката на играта најмногу потсеќа на „Harry Potter: Wizards Unite“, која што има повеќе RPG елементи во AR-играта. Играчите имаат шанса да ловат различни суштества и да шетаат насекаде со цел да извршуваат различни мисии.

The Witcher: Monster Slayer е поставен стотици години пред настаните на The Witcher 3, во време кога и чудовиштата и Вичерите биле почести. Играте нов Witcher кој се снаоѓа да заработи за живеење убивајќи опасни суштества што се појавуваат случајно на вашата мапа додека шетате наоколу.

Бесплатната игра досега ја имаат инсталирано над 100.000 корисиници на Google Play и има 3,6 од 5 рејтинг.

Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ