Денес е петок, 23 јули 2021
ПочетокГејмингPES добива ново име и официјално станува бесплатна игра за сите! (ВИДЕО)

PES добива ново име и официјално станува бесплатна игра за сите! (ВИДЕО)

Konami моментално ја води трката против големиот конкурент EA, видео играта PES конечно станува бесплатна, додека пак Fifa се плаќа!

Јапонската компанија Konami официјално објави дека почнувајќи од есен 2021 година, фудбалската видеоигра PES ќе биде прекрстена во eFootball и ќе биде бесплатна за сите гејмери на PS5, PS4, Xbox Series X/S, Xbox One, PC, подоцна и за iOS и Android (во моментов нема информации дали ќе биде достапна за Nintendo Switch), само во дигитална верзија.

До зима 2021 година ќе биде овозможено и cross-platform играње за сите платформи (тие што ќе играат од мобилен против конзоли или PC ќе мора да користат џојстик за телефон). Моментално работат на балансирање со цел да има фер игра од помеѓу сите гејминг платформи.

eFootball ќе добие нов engine по сопствен дизајн, креиран на Unreal 4, од рана есен ќе бидат достапни 9 тимови со кои љубителите ќе можат да играат, понатаму сите модови, тимови и фудбалери редовно ќе се додаваат и надоградуваат, во моментов нема информации дали поединечни модови ќе се доплаќаат во форма на DLC, дали ќе бидат бесплатни или ќе треба еднократно да се купи Match-Pass.

Повеќе за видеоиграта ќе дознаеме кон крајот на август на Gamescom 2021.

 

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ