Денес е вторник, 5 јули 2022
ПочетокГејмингНови гласини за првиот gameplay трејлер на God of War Ragnarok и...

Нови гласини за првиот gameplay трејлер на God of War Ragnarok и насловот за експанзијата на Ghost of Tsushima!

Твитер профилот што напиша гласини за Xbox презентацијата на Е3 и излегоа точни, денес напиша нови гласини овој пат за PlayStation и нивниот следен State of Play.

PlayStation официјално ја одложија ексклузивата God of War Ragnarok за 2022 година но, шансите да го видиме првиот gameplay трејлер за Ragnarok ова лето се огромни. Твитер профилот со чести ама и точни гласни напиша дека PlayStation имаат во план наскоро да имаат презентација за неколку ексклузивни видеоигри од оваа година и следната.

Токму на оваа презентација наречена State of Play ќе го видиме првиот gameplay трејлер за God of War Ragnarok вклучувајќи ги и: наслов за експанзијата на Ghost of Tsushima, Death Stranding Director’s Cut, и уште една видеоигра која ќе биде изненадување за фановите на видеоигрите.

Гласината вели дека следниот State of Play ќе се одржи на 8 Јули четврток.

Насловот за новата експанзија на видеоиграта Ghost of Tsushima која најверојатно ќе ја претстават на State of Play е Ghost of Ikishima. Ghost of Tsushima беше многу голем успех за PlayStation заради тоа очекуваме уште експанзии и продолженија во иднина! Sony Pictures најави и филм базиран на оваа видеоигра во соработка со PlayStation и креаторите на Ghost of Tsushima!

Дел од презентацијата ќе биде и за Death Stranding Director’s Cut кој самиот Kojima го најави на Summer Game Fest 2021. Очекуваме да добиеме нови детали за оваа видеоигра а можеби и некој збор за новиот проект на Kojima. Последната гласина вели дека на оваа презентација PlayStation ќе се прикаже и некоја нова видеоигра која треба да биде изненадување за фановите.

Да напоменам ова се само гласини кој имаат шанси да бидат точни останува да видиме што ќе покаже PlayStation а што нема на презентацијата!

Читајте не!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ