Денес е сабота, 26 ноември 2022
ПочетокГејмингE3 2021 Square Enix presents: Final Fantasy, Guardians of the Galaxy, Life...

E3 2021 Square Enix presents: Final Fantasy, Guardians of the Galaxy, Life is Strange и многу други видеоигри..

Guardians of the Galaxy

Нова Guardians of the Galaxy игра. Повеќе инфо тука.

FINAL FANTASY Pixel Remaster

Серијата FINAL FANTASY Pixel Remaster ќе се состои од FINAL FANTASY I преку FINAL FANTASY VI, со тоа што секоја игра излегува поединечно. Игрите ќе бидат достапни наскоро на Steam, Ios и Andorid.

Marvel’s Avengers: War for Wakanda

Marvel’s Avengers: War for Wakanda е нова експанзија што ќе биде достапна кон крајот на оваа година, погледнете го новиот трејлер.

Hitman Sniper: The Shadows

Hitman Sniper: The Shadows е бесплатен мобилен спин-оф за играње без херојот Агент 47.

Наместо агентот 47, кој исчезна, ќе следите нова група убијци – Soji, Kiya, Kolzak, Knight, и Stone – активирани од International Contract Agency (ICA) по појавата на нова криминална мрежа.

Babylon’s Fall 

Играчите ќе станат воини наречени Sentinels и ќе одат низ Вавилонската кула. Babylon’s Fall ќе им овозможи на играчите да користат до четири оружја одеднаш со помош на Gideon Coffin.

Играта сè уште нема датум на објавување, но ќе биде достапна за PS5, PS4 и PC.

Life is Strange

Square Enix покажа подетален gameplay од Life is Strange: True Colors, во најновата игра од Life is Strange универзумот се збори за тинејџерската лутина и натприродните моќи. Играта ќе дебитира на повеќе платформи на 10 септември, а достапна е и за преднарачка.

Исто така добивме и трејлер од Life is Strange Remastered Collection кој ќе биде достапен на 30ти септември.

Stranger of Paradise: Final Fantasy Origin

Ninja Gaiden и Team Ninja прават нова спиноф игра на Final Fantasy за Square Enix. Трејлерот за играта покажа gameplay кој изгледа како да е инспириран од dark souls со главните ликови кои сакаат да го „убијат хаосот“. Square вели дека играта е сместена во „dark fantasy world“ со низа иконски чудовишта од Final Fantasy франшизата.

Square Enix издаде и демо верзија која ќе биде достана до 24 јуни, но само за PlayStation 5.

Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ