Денес е вторник, 5 јули 2022
ПочетокФилмовиСекој нов официјален кастинг и трејлер за оваа недела!

Секој нов официјален кастинг и трејлер за оваа недела!

Прочитајте за секој нов официјален кастинг и погледнете ги трејлерите за нови филмови и ТВ серии од оваа недела.

Roger Craig Smith ќе се врати со неговата гласовна улога на познатиот карактер Sonic во нова видеоигра базирана од универзумот на Super Sonic.

Christopher McDonald ќе има главна улога и во серијата Secret Invasion која ќе се емитува на Disney Plus во 2022 година. Неговиот карактер ќе биде нов и оригинален кој ќе има иднина во филмскиот универзум на Marvel.

Merle Dandridge актерката која беше во гласовната улога на карактерот Marlene од двата дела на видеоиграта The Last of Us се враќа во Тв серијата The Last of Us нa HBO Max во улогата на Marlene.

Trevante Rhodes ја доби улогата на популарниот боксер Mike Tyson во оригинална ТВ серија на Hulu со наслов Iron Mike која ќе го опишува животот на Mike, неговите победи, загуби и падови.

Rina Sawayama со засега непозната улога ќе биде во четвртото продолжение на John Wick кој премиерно ќе биде пуштен во кино на 27 Мај 2022 година.

Amber Midthunder официјално ќе има главна улога во новото филмско продолжение на Predator за кое засега се знае малку и нема датум на премиерно издавање.

Легендарниот актер Kevin Spacey после контроверзните случувања и долгата пауза, во нов филм со наслов L’uomo Che Disegno Dio со улога спротивна на актерката Vanessa Redgrave. Филмот е најавен за Октомври 2021 година.

Timothée Chalamet ја презема легендарната улога на Willy Wonka во новата преработка на филмот со наслов WONKA кој е најавен за 2023 година.

Adam Driver во главната улога на новиот мистериозен и научно фантастичен филм со наслов ‘65’  на режисерите Scott Beck & Bryan Woods кој е најавен за 12 Мај 2022 година.

Jesse Plemons и Elizabeth Olsen со главните улоги на новиот оригинален филм на Netflix со наслов LOVE AND DEATH.

Kirby Howel-Baptiste како DEATH, Mason Alexander Park како DESIRE, Donna Preston како DESPAIR, Joely Richardson како ETHEL KRIPPS, Niamh Walsh како YOUNG ETHEL KRIPPS, David Thewlis како JHON DEE, Kjo Ra како ROSE WALKER, Patton Oswalt како MATTHEW THE RAVEN, Stephen Fry како GILBERT, Jenna Koleman како JOHANNA CONSTANTINE, Sandra James Young како UNITY KINCAID е кастингот на новата  филмска адаптација на THE SANDMAN кој премиерно ќе го гледаме на Netflix.

Aaron Taylor-Johnson ја доби главната улога во првата филмска адаптација на карактерот од Marvel стриповите Kraven the Hunter во изработка од Sony Pictures кој е закажан за 2023 година.

Хорор триологијата EVIL DEAD на Sam Raimi добива продолжение ексклузивно на HBO Max со наслов EVIL DEAD RISE. Во главните улоги Alyssa Sutherland and Lily Sullivan а Raimi се враќа на филмот како извршен продуцент.

 

Ова се сите новости за кастингот од оваа недела, а во продолжение поглднете и неколку трејлери за нови филмови и ТВ серии од оваа недела.

 

 

 

 

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ