Денес е вторник, 5 јули 2022
ПочетокГејмингПогледнете го првиот gameplay трејлер за Horizon Forbidden West

Погледнете го првиот gameplay трејлер за Horizon Forbidden West

Horizon Forbidden West продолжува шест месеци по настаните во Horizon Zero Dawn. Aloy патува на запад за да истражува. Во овие нови територии таа ќе се сретне со нови чудни племиња и со уште поубиствени машини. Заедно со старите пријатели и новите придружници, таа мора да ги најде одговорите што и се потребни за да го спаси животот на земјата.

Aloy ги истражува остатоците од Сан Франциско и се соочува со нови смртоносни закани во новиот gameplay на играта Horizon Forbidden West.

Во gameplay-от беше прикажано дека во играта се става акцентот на тактиката и изборот, давајќи му на играчот огромна разновидност на оружје.

За блиска борба копјето на Aloy добива многу нови додатоци и овозможува многу поголема штета кон противникот.

Стрелата добива нови и различни видови на муниција со која што може да се отстрани оклопот и да се откријат слабите делови на противникот.

Други нови додатови се димни бомби и лепливи гранати, лепливите гранати може да се стрелаат со цел привремено да се запре непријателот.

Фокусот ќе може да се користи како скенер каде што полесно ќе ги прикажува местата кои ќе може да ги искачите.

Играта исто така располага со голем и нов избор на смртоносни машини: Sunwings, Clawstriders, Tremortusks, Snapmaws и Burrowers.

Од друга страна борбата против луѓето противници ќе биде поголем предизвик со тоа што имаат дополнителен оклоп.

Играчот ќе треба да биде паметен и креативен и да ги користи сите опции за борба за да се справи со разновидни смртоносни машини.

Guerrilla изјави дека сеуште немаат точен датум на издавање, но развојот е на добар пат, што значи дека многу скоро ќе добиеме повеќе информации.

Дали сте спремни да го совладате Tremortusk-от?                                                Погледнете го видеото за да се соживеете со убавините на Horizon Forbidden West.

Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ