Денес е вторник, 19 март 2024
ПочетокФилмовиКомикс МК Рецензија - John Wick Chapter 4

Комикс МК Рецензија – John Wick Chapter 4

Оваа рецензија е напишана од нашиот пријател, фан и филмаџија Небојша Атанасковиќ. Тој ни го доловува широкиот спектар на акција, атмосфера и филмски вредности во најновиот блокбастер!

John Wick Chapter 4 e четвртиот и според сегашните изјави, последен наслов во франшизата. Се упатив кон кино салата со грам загриженост и сметам дека бев во право. После три прекрасни филмови полни со најдобро изведена кореографија во акционен филм што некогаш сум ја видел на филмските платна, си реков дека четвртиот дел нема шанси да дојде ни блиску до пречекорување
на очекуваното. Тој мал дел од мене беше голема грешка.
Изминатите три изданија кулминираат во оваа предобро изведена,
грандиозна и тензична афирмација на тоа што значи човек да се бори за
негова слобода, кога тој е навистина слободен од минатото и
сите негови гревови.
Покрај ликовите на Reeves, McShane, Fishburne и Reddick, добиваме три
нови многу добро напишани и изведени ликови во универзумот на John Wick.
  • Карактерот Caine кој е глумен од Donnie Yen е претставен како стар познаник на John, добиваме лик чие присуство е многу природно.

  • Mr. Nobody глумен од Shamier Anderson има свеж и интересен вовед во универзумот.

  • Bill Skarsgard глуми застрашувачки негативец чија персона до крајот на филмот се распаѓа.

Со времетраење 2 часа и 50 минути, нема минута која е потрошена на непотребни сцени со експозиција. После три филма, нема ни потреба од тоа. Знаеме за што сме дојдени да видиме. Вториот чин според мене е најслабиот дел од филмот но слабоста брзо се заборава со јачината на третиот чин. Кулминацијата на целата приказна досега не води до едно прашање, за што точно се бори John Wick во неговиот бесцелен живот? Фантастично искористените елементи земени од грчка митологија, поспецифично од „Одисеја” и митот за Херкул ни дава до знаење дека ова веќе не е обична приказна за одмазда, ова е трагичен мит.
Worldbuilding-от во сите четири филма досега дава впечаток дека се ова се
случува во некој паралелен универзум каде нема полиција и е
нормализирано платени убијци да се дел од секташка/терористичка организација како водечка ширум светот. Chad Stahelsk (режисерот на трилогијата) само го збогатува раскажувачкото дејство и ни дава се појасна слика за светот кој го гледаме на големите филмски платна.
Кореографијата е нешто кое мислев дека не е можно да се надгради. Stahelski пронаоѓа нови начини да не држи на работ на нашето седиште преку прекрасно кореографирани борби кои носат нови идеи за тоа како, најпросто кажано, еден маж убива десет други како да се ништо. Помеѓу ликовите добиваме и различни динамики (team ups) кои се возбудливи. Акцијата низ филмот е составена од низа на борби каде Wick и Caine ги користат нивните околности на креативен начин до незаборавната престрелка околу преубавиот Arc de Triomphe и креативниот континуиран overhead shot кој навистина ме изненади и е нешто ново.

John Wick: Chapter 4 Box Office Day 1 (Early Trends): 1 Lakhs Tickets Already Sold, Could Be A Double-Digit Wonder For Keanu Reeves?

Тивките моменти се најгласни и носат најголема тежина, посебно во ваквите филмови во кои тие сцени се минимални. Stahelski ги прикажува овие моменти како прилики за ликовите да ја искажат својата филозофија и да ја докаже неговата а и способноста на писателите кои креираат извонреден дијалог. Тие моменти му даваат значење на овој филм.
Кинематографијата е моќна како и секогаш. Некои сцени оставаат осветлувањето да зборува за нив со прекрасните бои на изгрејсонцето над Париз, градините на Континенталот во Осака, последната сцена на скалите на Базиликата на Светото Срце во Париз и многу други кои е подобро сами да ги видите.
Музиката е електрична, динамична и добро се вклопува со тоа што гледаме во филмот. Интензивните и тензичните композиции ги усовршуваат престрелките и битките, но и се смируваат за кратките меланхолични моменти. Го има најдобриот акционен Soundtrack што сум го слушнал во последно време.
Околу 400 луѓе убиени и се тоа поради една одлука на Русин, да го убие кучето на погрешениот човек.
Оваа филмска година уште од самиот почеток се докажува дека ќе биде интересна, John Wick Chapter 4 по само една недела од своето деби е зборуван како најдобриот акционен филм на сите времиња. Со оглед на тоа дека ќе добиеме и нов Mission Impossible филм ова лето, предводен од Tom Cruise за кој исто така има голема возбуда, па на крајот од денот ќе има детална дебата за кој филм е подобар. Како фан и на двата, морам да кажам дека засега има очигледен победник.

9/10

Рецензијата е напишана од Небојша Атанасковиќ (@nebojsaxa).

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ