Денес е петок, 1 јули 2022
ПочетокФилмовиДознајте повеќе за двата нови филмски хитови

Дознајте повеќе за двата нови филмски хитови

Everything Everywhere All at Once и The Unbearable Weight of Massive Talent се филмови кои имаат одлични оцени од критичарите.

Everything Everywhere All at Once е филм нa студиото А24 во режија на Dan Kwan и Daniel Scheinert. Главната улога во приказната ја има Evelyn (Michelle Yeoh), жена која со своите ново-откриени моќи треба да го спаси светот соочувајќи се со непознатите опасности на мултиверзумот.

Овој амбициозен проект моментално има одлични оцени од Rotten Tomatoes (97%), IMDb (8.9) и веќе е достапен во Cineplexx MK.

Дали ќе ги достигне очекувањата? Останува да видиме
Од друга страна пак, како филм од кој исто така многу се очекува, го имаме и The Unbearable Weight of Massive Talent.

Ова е филм каде во главните улоги играат Nicolas Cage и Pedro Pascal.
Nicolas Cage ја игра улогата на Nick Cage, незадоволен и финансиски очаен актер кој поради неговата ситуација е принуден да прифати понуда од 1 милион долари за да настапува на роденденската забава на неговиот опасен супер-фан (Pedro Pascal). Работите стануваат интересни кога CIA му дава задача на Nick, па тој за да ја изврши и да се спаси себе и своите сакани, ќе мора да ги употреби карактерите на сите ликови кои  претходно ги глумел во својата филмска кариера.
The Unbearable Weight of Massive Talent доби одлични оцени од Rotten Tomatoes (89%) и IMDb (8.0), а за да се види дали ги заслужува овие оцени ќе треба да почекаме уште неколку дена бидејќи премиерата во Cineplexx MK е закажана за 28.04 (четврток).

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ