Денес е четврток, 8 декември 2022
ПочетокФилмовиDUNE - comics.mk рецензија без спојлери!

DUNE – comics.mk рецензија без спојлери!

Филм кој МОРА да се гледа во кино! Визуелно преубав, со феноменални актери и приказна која ветува огромни нешта за понатаму!

Dune е само почеток на една масивна приказна која ќе се раскажува уште долги години!
Sci-Fi новелата на Frank Herbert е директно пресликана на еден убав, реален и мистичен начин кој ќе биде запаметен со генерации.

Оригиналната колекција на Frank Herbert

Оригиналната колекција на авторот Frank е раскажана низ шест новели, вкупно има девет новели од кои три од нив се напишани од неговиот син Brian Herbert и авторот Kevin J. Anderson.

Сите книги по редослед и година на издавање

Во филмот се раскажани настаните до пола од првата книга а трае цели 2 часа и 34 минути.
Приказната се чувствува како мешавина од Game of Thrones и посериозна верзија на Star Wars, тематиката се одвива околу фамилии, лојалност, империја, моќ, предавство во комбинација со мистични елементи кои ги доживеавме на интересен начин.
Кинематографијата и визуелните ефекти се на апсолутно врвно ниво, сцени кои се рај за очи уште од самиот почеток па се до крај!
Режисерот Denis Villeneuve добро ја завршил својата работа.
Тонот и боите се убаво балансирани, изгледаа реално и чисто.
Темпото е споро, но токму затоа има доволно време и простор да се запознаеме со новиот галактички свет, настаните не се чувствуваат избрзани а темпото се забрзува некаде после половина на филмот.
За жал со зборови не може да ви опишеме колку се добри музичките композиции на Hans Zimmer, буквално се внесовме во песочните дини благодарение на извонредните способности на легендарниот композитор!

Глумата од страна на сите актери е феноменална, покрај такви имиња не очекувавме да биде поинаку.
Улогите според типот на актери беа сосема убаво распределени, Jason Momoa како вешт борец, Josh Brolin како искусен генерал, Oscar Isaac како глава на фамилијата, Javier Bardem како водач на пустинските луѓе, Stellan Skarsgård како застрашувачкиот барон, Rebecca Ferguson како госпоѓа и мајка на мистичниот син, Timothée Chalamet во главната улога на Paul Atreides.
Dave Bautista и Zendaya имаа релативно малку време во филмот, но сепак ликот на Zendaya ја чека голема иднина во франшизата!

Matt Neglia on Twitter: "The #Dune character posters look so damn good!!… "

Планета Arrakis е дом на најважниот ресурс во галаксијата, сепак пустинската моќ е нешто од кое сите треба да се плашат!
Dune Part One дефинитивно не се препознава како самостоен филм, крајот беше само еден нов почеток на тоа што следува во вториот дел кој се надеваме дека наскоро ќе биде официјално најавен!
Еден од најдобрите филмови прикажан во кино, епска приказна од која со нетрпение чекаме уште!

9/10

P.S. Песочните црви се СПЕКТАКУЛАРНИ!
Да не го заборавиме класичниот Dune филм од 1984 кој е достапен за гледање на YouTube:

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ