Денес е вторник, 5 јули 2022
ПочетокФилмовиСедум новости за ETERNALS, останува уште помалку од еден месец до новиот...

Седум новости за ETERNALS, останува уште помалку од еден месец до новиот хит на Marvel Studios!

Филмот ETERNALS ќе ги протолкува животите на бессмртните суперхерои кои илјадници години живеат на планетата Земја!

Уште од времето на древните цивилизации, ETERNALS го штитат човештвото од Девијантите кои се погрешен експеримент на космичките битија наречени Celestials.

Добиваме СЕДУМ новости за филмот кои дефинитивно се возбудливи:

  • ETERNALS ќе има времетраење од 2 часа и 37 минути што значи дека ќе биде вториот најдолг филм во филмскиот универзум на Marvel позади Avengers: Endgame.
  • Како и во секој Marvel Studios филм, ќе има две Post-Credits сцени.
  • Околу 60% од настаните ќе се случуваат во денешно време а 40% во минатото.
  • Настаните во денешното време во филмот се во исто време со настаните во Spider-Man: Far From Home.
  • Девијантите се shapeshifters и ја променуваат својата форма во предаторот кој го уловиле.

  • Пет членови од тимот на ETERNALS се карактеризираат како мислители, а другите 5 како јаки борци.

  • Kit Harington ќе ја игра улогата на Dane Whitman и неговиот карактер (под алтер егото Black Knight) за жал нема да се бори со неговиот познат меч, Ebony Blade.

Дали сте знаеле дека во Marvel стриповите Thanos има девијантски ген па токму затоа се шпекулира дека млада верзија од него ќе биде присутна во филмот.

Concept Art од млад Thanos дизајниран за филмот ETERNALS

ETERNALS ќе биде достапен само во кино од 4-ти ноември, 2021 година!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marvel Studios (@marvelstudios)

Најновиот хит на Marvel Studios нависитна делува на нешто ново и свежо, следуваат големи изненадувања, останува да видиме!

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ