Денес е сабота, 26 ноември 2022
ПочетокФилмовиCOMICS.MK: 'No Time To Die' рецензија без спојлери! Daniel Craig за последен...

COMICS.MK: ‘No Time To Die’ рецензија без спојлери! Daniel Craig за последен пат во улогата на James Bond.

Daniel Craig уште еднаш докажува зошто е најдобриот James Bond на сите времиња!

‘No Time To Die’ е преполн со акција, извонредни музички композиции од незаменливиот Hans Zimmer и одлична глума од сите главни и споредни актери!

Во никој 007 филм немаме гледано толку многу акција како во овој, но не само тоа, сцените и целата кореографија е изработена до перфекција!

Визуелните ефекти во комбинација со сите практични елементи беа на врвно ниво. Истото може да се каже и за кинематографијата која во скоро сите сцени беше убава за гледање.

Тонот и текот на настаните имаа убав баланс, голем број од сцените беа напнати и неизвесни, токму тоа го бараме од акционен-трилер како ‘No Time To Die’.

Филмската музика на легендарниот Hans ни ги долови сите настани. Одлично се совпадна со мистеријата, акцијата како и со сите емоционални моменти. Главната песна ни ја претстави Billie Elish преку нејзиниот преубав глас, можеби најдобриот музички хит во франшизата заедно со Skyfall од вокалот на Adele.

Едноставно и јасно, со самите експресии, движење, пукање, тепање и зборување, Daniel Craig е перфектниот џентлмен а уште повеќе и најопасниот MI6 агент! Неговата глума е искрена, моќна и понесена од многу емоции, дали поради фактот дека за последен пат ја игра улогата, ова е дефинитивно најдобро што има да понуди!

Оскаровиот актер Raimi Malek глуми феноменално, филозофските мисли кои ги прикажува преку неговата глума навистина ни оставија впечаток. Сепак како негативец ни фалеше малку повеќе објаснување за неговите мотиви и која е вистинската емоција позади нив.

Филмот има времетраење од 2 часа и 43 минути но сепак поголемиот дел е фокусиран на James Bond, негативецот на Raimi Malek има релативно мало присуство.

Актерките Ana de Armas, Léa Seydoux и Lashana Lynch шармантно (со стил) ги одиграа нивните улоги. Истото може да се каже и за Ben Whishaw, Jeffrey Wright и Ralph Fiennes.

Приказна која е поврзана со минатиот филм (Spectre) но сепак нема елементи кои ќе ги паметиме посебно. Единствено може да се издвои новото смртоносно оружје кое е претставено на интересен начин заедно со неколку емотивни сцени кои ќе остават трага.

‘No Time To Die’ не е најдобриот James Bond филм на Daniel Craig, но ќе го паметиме по неговата глума и акција.

No Time To Die 7.5/10

Како ние би ги оцениле неговите 007 филмови:

  1. Casino Royale (2006)

  2. Skyfall (2012)

  3. No Time To Die (2021)

  4. Spectre (2015)

  5. Quantum of Solace (2008)

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ